Крушевска Одаја: Крушево

Каде во Крушево? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Објектот денеска има максимален капацитет да собере 120 гости во внатрешниот дел и 60 гости на отворената тераса.

Крушевска Одаја се наоѓа во непосредна блина на хотел Скорпион кој е исто така дел од базата на Кајак.мк.

Домаќините на „Крушевска Одаја“ се посветиле да го уредат ентериерот во етно стил, односно, да ве поттикнат да се вратите назад низ времето. Од стара традиционална локална носија, старо оружје кое денеска се користи за декорација, домашна музика и секако вкусна локална храна.

Кога сме кај храната, совет од тимот на Кајак.мк е да вкусите солено свинско месо на скара (за оние кои јадат свинско), Крушевска сабја, крушевски колбас и телешки мускул. Ова е само дел од специјалитетите кои можете да ги пробате во локалот.

За оние кои сакаат повеќе информации околу специјалитетите:

Соленото свинско месо: Mесото се посолува и стои во каче одреден период потоа оди на скара. Сабјата пак се состои од различни парчиња месо, а измеѓу има зеленчук на скара и пекарски компир.
К
рушевскиот колбас е еден од брендовите на градот тој се служи на скара и е од дробено месо. Телешкиот мускул е динстан и е во сос од врган печурки и пире.

За сите овие јадења домаќините имаат одредено време што е потребно да го подготват. Зеленчуците и месото го купуваат од локалните месари и пиљари кои пак се трудаат да купуваат производи  од локалците.

Крушевската Одаја постои од 2015. Ја отвораат Шули и Влатко, кои се добро познати ортаци во градот повеќе од 21 година, а кои за овој период се занимаваат со угостителство.

Ваквата идеја за „Крушевска Одаја“ доаѓа од желбата да се отвори нешто ново кое ќе биде во амбиент од познатото златно време на градот Крушево, односно од 19ти и почеткот на 20ти век. За да успеат да го доловат амбиентот, домаќините го декорираат со разна облека и занаети, кои соочинуваат еден микс од влашката, и македонската култура.

Објектот денеска има максимален капацитет да собере 120 гости во внатрешниот дел и 60 гости на отворената тераса.

Доколку сакате контакт за резервација и точна локација, кликнете ОВДЕ.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар