Винарија Тристо

Каде во Велес? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Исто така, Винарија Тристо произведува и две пенливи вина и тоа бело и розе пенливо вино, кои исто така се произведуваат од сопствено грозје.

Денеска сакаме да ве запознаеме со уште една мала микро-винарија која има годишно производство од 15.000 до 20.000 шишиња вино, а за која домаќините на винаријата велат дека е отворена како хоби, отколку да има таргет за некој константен раст и освојување нови пазари.

Меѓутоа, Кајак.мк за винарија Тристо, може да сподели со вас информација дека е идеално место за организирање еднодневни тим-билдинг вински дегустации. Винаријата Тристо денеска произведува 4 вида на вино и две пенливи вина. Видовите на вино се: Тристо Шардоне, кое се произведува и во барикирана форма, Тристо Каберне совињон барик, Тристо Розе и Тристо куве. Карактеристично за сите вина е што се произведуваат од сопствено грозје.

Исто така, Винарија Тристо произведува и две пенливи вина и тоа бело и розе пенливо вино, кои исто така се произведуваат од сопствено грозје.

Винарија Тристо постои од 2007 година, а во склоп на винаријата има дегустациска сала која е со капацитет до 40 лица. Винаријата често знае да организира вински тури и дегустации кои се спроведуваат на принцип со претходно закажување.

Контакт број: +38978459925

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар