Шато Сопот: Велешко езеро

Каде во Велес? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Во склоп на винаријата е отворена продавница, која нуди можност нивните вина со врвен квалитет да можете да ги купите со секоја посета на винаријата со промотивни цени.

Винарија Шато Сопот е една од нај живописните винарии во Македонија, лоцирана во срцето на Велешкиот вински регион, во близина на самиот автопат кој ги спојува Скопје и Велес. Се работи за релативно нова винарија, основана во 2006 година, со добиена концесија на 30 години врз 100 хектари лозје, со четири видови на грозје (Шардоне, Ризлинг, Темјаника, Каберне Совињон).


Во склоп на винаријата е отворена продавница, која нуди можност нивните вина со врвен квалитет да можете да ги купите со секоја посета на винаријата со промотивни цени. Дополнителна удобност нуди и самиот ресторан, создаден во посебен и уникатен стил, со капацитет од 400 гости, во кој можете покрај вкусот на врвните вина да уживате и во мирисот и вкусот на беспрекорните кулинарски деликатеси.


Контакт за резервации: 078 663 300

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар