Гастрономско искуство во Крушево. Контакт за резервација: 078377580 или 048477809
Гастрономските приказни кои Кајак започна да ги раскажува, го зголемија апетитот кај патувачите да патуваат почесто и да откриваат нови места кои во себе чуваат приказна што вреди да се слушне.
Таква уникатна приказна има „Шапе“. За некои од вас поимот „Шапе“ е веќе доста добро познат, а за оние коишто првпат се среќаваат, драго ни е што ќе Ве запознаеме со уште еден угостителски објект кој вреди да го посетите.
Позади приказната на гостилница „Шапе“ стои Жан Шапе. Човекот кој низ годините ја добил сета поддршка од своето семејство и својата фамилија. Гостилница која опстанала во живот од 1982 години, а која има поминато низ многу добри и лоши периоди, криза од пандемијата и уште што не.
Жан вели дека приказната „Шапе“ се родила во Крушево и преставува бизнис кој го започнал неговиот татко. За Кајак раскажува дека татко му добил огромна поддршка од неговата сопруга и неговата мајка која во тоа време веќе била кувар во пензија.
Големата желба на неговиот татко за отворање на кафеана била пресудна за да започнат со градење на една угостителска приказна. Најпрво била отворена гостилницата во Крушевксата чаршија која се уште е во функција, а покрај објектот во чашријата, денеска имаат уште еден прекрасен угостителски објект во планински стил кој се наоѓа на ски терените, а кој е опкружен со прекрасна природа и нуди прекрасен поглед.
Жан вели дека за да се опстане во тоа што се работи, не е важно само изгледот на објектот, туку и тоа што се нуди. Во неговиот случај храната е на прво место, а исто така и гостопримливоста.
Денеска „Шапе“ познато по колбасите кои ги подготвуваат на традиционален крушевски начин, каре-ќебапите, комитската плескавица, крушевското грне „Шапе“, салатата „Ала Шапе“ и ред други специјалитети.
Жан додава дека посебна карактеристика на нивната храна е тоа што се подготвува со природни зачини, а кои на редовните гости им се веќе доста добро познати.
Контакт за резервација: 078377580 или 048477809
ЛОКАЦИЈА