Гостилница Марчело: Крушево

Каде во Крушево? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Резервации и информации можете да добиете на: 078-36-46-78; 077-548-964; 070-290-986

Во Крушево можете да пешачете, јавате коњи, да уживате на ски терените, летате со пареглајдер, а после сето ова, можете да ја посетите гостилницата Марчело која од денеска е дел од нашата база „Гастромонија“.

Домаќините на гостилницата велат дека овој автентичен објект е отворен во 2013-та година од страна на новата генерација на фамилијата Костоски. Инаку самиот бизнис се пренесувал од генерации на генерации со задржување на специјалитетите на куќата како крушевскиот колбас, кукурузите и ќебапите.

Бизнисот започнал во 1938-та година кога ова место било познато како ќебапчилница „Крушево“, за од 1998 година се преименува во Марчело.

Сопствениците на Марчело велат дека приказната во 1936-та година ја започнал „Лале Маху“ или на македонски Чичко Марко се со цел да им служи на крушевчани ќепапи по свој уникатен рецепт и начин на подготовка. Подоцна занаетото го научиле неговите синови и внуци, а денеска претставува еден прекрасен фамилијарен бизнис.

Прв и најзначаен специјалитет се познатите традиционални ќебапи чиј рецепт е постар од 90 години. Колбасот “ла Маху” и кукурузите се дел од традиционалното мени на гостилница Марчело. Но, во менито можете да најдете и други специјалитети од интернационалната куќна, како што е топеното сирење, превкусната пица, но и специјално проготвените џигери.

Гостилница Марчело е лоцирана во строгиот центар на Крушево, помеѓу градскиот плоштад и скалите на улица Тодор Проески (веднаш до споменикот - харфа, на Тоше Проески)

Резервации и информации можете да добиете на: 078-36-46-78; 077-548-964; 070-290-986

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар