Ресторан Бачило: Берово

Каде во Берово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт за резервации: 078 310 414

Денеска имаме уште една приказна, која овојпат своето место го добива во категоријата „Гастрономија“ а која дестинација можете да ја посетите и да дегуситрате разновидна храна.

Ние разговаравме со Филип, млад член на ресторанот „Старо Бачило“. Филип вели дека нивната слатка семејна приказна започнала да живее на 17.07.2021 година, а името го добива од бачилото кое се наоѓа во склоп на ресторанот, а каде се одгледуваат овци и се произведува вкусно овчо сирење.

Тој додава дека неговото семејство гради 25 годишна традиција во соодност со сточарството, а тоа ги поттикнува да отпочнат со нов ресторан кој ќе нуди нешто што го нема во Берово и Малешевијата.

Покрај бачилото, уникатен е амбиентот и ентериерот на локалот кој на гостите им дава мир и ги враќа назад во минатото како што било некогаш во Берово и Малешевијата. Од друга страна пак, храната која се служи овде е секогаш свежа и домашна, вели Филип.

За гастрономите кои го додаваат „Старо Бачило“ на нивната листа на посети, Кајак ги советува да ги вкусаат „Клисите во бакарна тава“, повеќето разни видови компир и секако сирењето.

Филип вели дека гостите кои го посетуваат локалот, секогаш си заминуваат со полн стомак и насмевки, а позитивните коментари нив ги прават среќни.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар

Коментари

  • манчевски александар

    30.09.2023 10:08

    Филип незнае кај тера,од храната едино нешто што е во ред е сирењето,остатокот бљуботина, топлите мезиња премрсни приготвени во фритеза,течеше зејтин… нов келнер,млад,неискусен пуштен веднаш на работа,без знаење знаење на менито,а во менито ништо не е појаснето…