Предновогодишна винска соба во Кавадарци

Настани
Цена од:

2,500.00 ден

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.

Време е да доживеете едно поразлично искуство. Купете влезница и бидете дел од првата предновогодишна винска соба која Кајак Агенција ја организира во Кавадарци.

Првата предновогодишна винска соба вклучува:

  • Дегустација на 5 различни вина од винарија „Јаковлевски“ секоја чаша со 150мл вино
  • Презентација на секое вино и детална дискусија со Горан Јаковлевски за време на вечерата
  • Богато предјадење кое вклучува сувомеснати и млечни производи парирани со виното. Апетисани и овошје. Вода
  • Главно јадење парирано со виното (Учесниците ќе може да изберат помеѓу две мениа)
  • Резбарска едукација во атељето Зингибер

Настанот ќе се оддржи на 24.12.2022 со почеток во 18:00 часот во Кавадарци. Ова е настан од мал затворен карактер, каде гостите не се познаваат меѓусебно, а на настанот ќе имаат прилика да се дружат (Звучи интересно нели?). Точната локација на настанот им ја испраќаме на гостите кои ќе купат карти.

Предновогодишната винска соба ја организираме за максимален капацитет од 10 гости, се со цел да му дадеме до значење и дух на настанот.

Препорака: Тимот на Кајак.мк е во можност да ви помогне при изнаоѓање на сместување во Кавадарци. Доколку не би сакале да ноќевате во Кавадарци на настанот би требало да пристигнете со такси или друг вид на возило кое нема да биде управувано од страна на козуматорите.

Настанот е во времетарење од 3 до 4 часа.

Повеќе инфо на: 076 791 157.

Направи нарачка

Artboard 1

Влезница за винската соба

Една влезница е 2500 денари и вклучува: 5 различни сорти вино од винарија Јаковлевски, презентација и едукација од сопственикот на винаријата, предјадење, главно јадење, вода, искуство и обука во резбарење, фотографирање. По испраќањето на барање, тимот на Кајак.мк врши проверка на слободни места. Доколку има слободни места за бројката на гости која вие ја барате ви испраќаме линк за онлајн плаќање.
Цена

2,500.00 ден

Остави Коментар

Разгледајте повеќе производи