Винска дегустација во Гевгелија, Македонија – Автентична винска тура со храна и целосна приватност
1,829.00 ден
Винска дегустација во Гевгелија, Македонија – Автентична винска тура со храна и целосна приватност. Доколку сакате да резервирате потребно е да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да резервирате и да ни пишете број на лица и кое мени сакате да го одберете. Откако ќе испратите барање ќе добиете понуда во текот на денот со вкупна цена по која можете да ја потврдите резервацијата. Практикувајте писмени резервации, така е посигурно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Мени бр.1- Цена: 1.829 денари по лице
- Мени бр.2 - Цена: 2.360 денари по лице
- Мени бр.3 - Цена: 2.832 денари по лице
- Се што е вклучено во менито е објаснето во самиот текст на понудата
- Цената може и да варира доколку имате ваши желби и барања
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата (доколку клиентите сакаат превоз истот може да се организира преку Кајак.мк
- Дополнителна нарачка на вино
Доколку барате винска дегустација во Гевгелија, винска тура во Македонија, или уникатно гастрономско искуство на пат кон Грција или Србија, нашата мала семејна винарија во Гевгелија е идеалниот избор.
Овде ве очекува дегустација на квалитетно македонско вино, традиционална
храна и апсолутна приватност – без други гости за време на вашата
посета.
Зошто да изберете
винска дегустација во нашата семејна винарија во Гевгелија?
- Мала
семејна винарија во Гевгелија, Македонија
- Целосна приватност – само вие сте гости
- Идеално за туристи кои патуваат кон Грција
или Србија
- Дегустација на домашно македонско вино и
ракија
- Традиционална македонска храна и домашни
десерти
- Можност за прилагодување на менијата
Оваа винска тура во
Македонија е совршена за парови, мали групи, странски туристи и љубители на
вино кои сакаат автентично искуство надвор од масовниот туризам.
Винска дегустација –
Менија и цени по лице
МЕНИ 1 – Винска
дегустација во Гевгелија
Предјадење:
- Даска со сирења
- Даска со сувомеснати производи
- Маслинки
- Брускети со три видови намази
- Крекери
Десерт:
- Слатко од зелени смокви
- Домашни колачи
Пијалоци:
- Ракија по избор (лозова жолта, дуња или
вилјамовка)
- Дегустација на три вида македонско вино
(бело, розе и црвено)
- Ликер шери
Цена: 1.829 денари по лице
МЕНИ 2 – Винска
дегустација со ручек (скара)
Предјадење:
- Микс даска со сирења и сувомеснати производи
- Капрезе
- Маслинки
Главно јадење:
- Мешано месо на скара
- Прилог: пекарски компир или помфрит
- Домашно лепче
- Сезонска салата
Десерт:
- Раванија со слатко од зелени смокви
Пијалоци:
- Ракија по избор (лозова жолта, дуња или
вилјамовка)
- Дегустација на пет вида вино (бело, розе и
црвено)
- Ликер шери
Цена: 2.360 денари по лице
МЕНИ 3 – Винска
дегустација со традиционален македонски ручек
Предјадење:
- Микс даска со сирења и сувомеснати производи
- Летен пинџур и печени пиперки
- Маслинки
Главно јадење (по
избор):
- Тавче гравче
- Имамбајалди
- Муска
- Полнети пиперки
Прилог:
- Печен компир, сирење или кисела павлака (во
зависност од јадењето)
Десерт:
- Раванија со слатко од зелени смокви
- Баклава или кадаиф
Пијалоци:
- Ракија по избор (лозова жолта, дуња или
вилјамовка)
- Дегустација на пет вида вино (бело, розе и
црвено)
- Ликер шери
Цена: 2.832 денари по лице
Идеална винска тура во
Македонија за туристи и патници
Оваа винска
дегустација во Гевгелија е одличен избор за:
- Туристи на пат кон Грција
- Патници кон Србија
- Љубители на македонско вино
- Мали приватни групи
- Автентични гастрономски доживувања во
Македонија
ЛОКАЦИЈА