НОВО
СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Тури со коњи на Пелистер и околните села

Тура со коњи до селата Смолево, Велушина, Бистрица. Уникатни тури со коњи кои можете да ги резервирате со испраќање на барање. Селектирајте го терминот на кој сакате да закажете тура, пишете ни број на лица и очекувајте одговор на мејл, вибер и смс во текот на денот за вкупна цена и достапност. Откако ќе добиете одовор од организаторите вие можете да потврдите дали сакате да ја реализирате турата.


Вклучено во цена:

  • Цените се истакнати во самиот опис и варираат во зависност од турата
  • Секој добива професионална обука пред турата
  • Професионално фотографирање за време на турата
  • Професионален водич кој доаѓа со вас на тура
  • Можност за водич на англиски јазик
  • Дел од турите се со вклучена традиционална храна

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартната локација од ранчот
  • Дел од турите се без храна (дефинирано во опис)

Доколку некогаш сте посакале да ги посетите ридско и планинските села Смолево, Велушина, Бистрица или сте посакале да јавате коњи на Пелистер со посета на манастирите кои ги има во изобилство во овој крај, тогаш ова е дефинтитивно вашиот нов „Повик од дивината“.

Турите може да се реализираат со најмалку 2 коња (односно 2 лица), а најмногу 6 коња. Турите ги реализираме во Битола и околните села: Смолево, Велушина, Бистрица и во центарот на Градот Битола. Ранчот е лоциран во село Кравари и се наоѓа на 5км од Битола по регионалниот пат за Грција.

 

Тури кои можете да ги резервирате:

  • Прва тура: с. Смолево, 10км, 3 часа(одење и враќање) плус 1 час пауза.
    Што се посетува: Оваа тура опфаќа јавање во поле и дел во планина, има панорамски поглед кон градот Битола и се посетува манастирот Св. Атанасиј, каде што се прави пауза.
    Што вклучува турата: Кратка обука пред тргнување, професионална фотографија, преведувач на англиски јазик и традиционален оброк: пита по избор, локално сирење и зеленчук.
    Цена: 3,500 денари по лице
    Број на јавачи: За да се реализира турата потребни се минимум 2 јавачи


  • Втора тура: с. Велушина, 22км, 5 часа(одење и враќање) плус 2 час пауза.
    Што се посетува: Оваа тура е посебна затоа што се посетуваат неколку села на поминување. Се јава низ планински предел на Баба планина, од каде што има прекрасен пејзажен поглед кон битолската околија. Се посетува манастирот Св. Ѓорѓија кој се наоѓа над с. Велушина, каде што се прави пауза.
    Што вклучува турата: Кратка обука пред тргнување, професионална фотографија, преведувач на англиски јазик и традиционален оброк: пита по избор, локално сирење и зеленчук.
    Турата може да биде реализирана како еднодневна со еден оброк или дводневна со два оброци и преспивање во манастирот Св. Ѓорѓија.
    Цена: 6000 денари за еднодневна и 8000 денари за дводневна по лице
    Број на јавачи: За да се реализира турата потребни се минимум 2 јавачи


  • Трета тура: с. Бистрица, 5км, 1 и пол час (одење и враќање), без пауза.
    Што се посетува: Оваа тура е кратка, наменета за јавачи - почетници и ентузијасти, која се изведува на рамен терен во природа.
    Што вклучува турата: Кратка обука пред тргнување, професионална фотографија и преведувач на англиски јазик
    Цена: 1800 денари по лице
    Број на јавачи: Оваа тура може да се реализира и со 1 јавач

 

  • Четврта тура: Панорамско разгледување со пајтон на градот Битола, 2 и пол часа со вклучени посети на значајни историски објекти
    Што се посетува: Се тргнува од железничка станица, на поминување кратко се разгледува Офицерски дом и се продолжува во посета на Народен Музеј - Битола, кој што е сместен во центарот на Битола во некогашното Битолско воено училиште. Посетителите ќе имаат пауза од 30 минути за да го разгледаат музејот. На поминување се разгледува црквата Св. Димитрија по што следи посета на Саат кулата, каде што ќе има 15 минутна пауза за професионална фотосесија. По разгледувањето на градот се упатуваме кон археолошкиот локалитет Хераклеа, каде посетителите ќе имаат можност да го разгледаат локалитетот и да искусат VR(виртуелна реалност) едукативна - историска тура. Крајна дестинација е повторно железничката станица.
    Што вклучува турата: вклучува влезница за локалитетите кој што се наведени во описот, професионална фотосесија и преведувач на англиски и германски јазик
    Цена: 18,450 денари или 300 еур со два посетители плус со можност за две деца или 24,600 денари или 400 евра со четири посетители (групна цена)

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар