Супер Домаќин
СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Работилница за македонски народни носии во Скопје

Skopje Цена од:

1,800.00 ден

Резервирајте работилница за народни носии во Скопје. Селектирајте го датумот кој сакате да ја посетите работилницата и испратете барање. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 1.800 денари
  • Двочасовно искуство во работилницата
  • Презентација и приказна за традиционалното ткаење
  • Запознавање со македонската народна носија и објаснување на нејзините елементи
  • Практично искуство со ткаење, со материјал и користење на разбојот
  • Облекување традиционална носија
  • Фотографирање во народна носија
  • Директно дружење со Сара и Дамјан и запознавање со нивната лична приказна

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Влезете во светот на традиционалното ткаење и поминете два часа во друштво на младите Сара и Дамјан, кои уште од своите 15 години го продолжуваат занаетот што го наследиле од баба Благица.

Денес, тие со голема љубов и посветеност создаваат ткаени појаси, скутини, материјали за елеци, ќустеци од монистра, алки и други детали инспирирани од македонската традиција.

Нивната работилница се наоѓа во срцето на Скопје, на Рекорд, веднаш до Театарот за деца и младинци.

Резервирајте уникатно двочасовно искуство во нивната работилница, каде што ќе имате можност:

  • да се запознаете со македонската народна носија и да дознаете повеќе за нејзините детали и значење;
  • да пробате сами да ткаете и одблизу да го почувствувате овој традиционален занает;
  • да облечете народна носија и да се фотографирате во неа;
  • да се запознаете со Сара и Дамјан и да ја слушнете нивната лична приказна за занаетот што го наследиле и со љубов го продолжуваат.

Ова не е само посета на работилница. Тоа е можност да запознаете дел од македонската традиција одблизу, да пробате нешто ново и да поминете време во автентична локална приказна, токму во срцето на Скопје.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар