Посета на планински села во Охрид, Македонија
Посета на планински села во Охрид, Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Лиценциран туристички водич
- Лиценциран планински водич/локален водич за пешачката тура
- Трансфер
- Ручек
- Часеви по готвење
- Пијалоци за време на ручекот
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци
Тура низ
селата во Охрид е одличен начин да го доживеете традиционалниот начин на живот,
автентичната архитектура и прекрасната природа што ги нудат руралните предели
околу Охридското Езеро.
Дел од
турата е пешачка, а дел од турата ќе има организиран превоз.
Селата се
наоѓаат во подножјето на Галичица, величествен планински масив што ги дели
Охридското и Преспанското Езеро, нудејќи неверојатни панорамски погледи и
уникатна природа. Како дел од Националниот парк Галичица, оваа планина е дом на
богат биодиверзитет, ретки растителни и животински видови, како и бројни
пешачки и велосипедски патеки. Со своите зелени падини, карпести врвови и чист
воздух, Галичица е вистински рај за љубителите на авантури, планинарење и
природа.
За
започнување на турата ќе одредиме почетна точка во зависност од барањата на
групата и нивното сместување во Охрид.
Ги
посетуваме:
1. Горно
Коњско - патеката до Горно Коњско е популарна меѓу планинарите и љубителите на
природата, бидејќи нуди мир, чист воздух и чувство на враќање назад во времето.
Ова некогаш живописно село денес е познато по својата автентична македонска
архитектура, недопрена природа и спектакуларниот поглед кон Охридското Езеро.
2. Елшани
- мало, тивко село со сочувана македонска архитектура и топли домаќини.
Познато е по чистиот воздух и можноста за планинарење кон Галичица. Ако сакате
автентично искуство, тука можете да пробате домашно сирење, мед и традиционални
јадења.
3. Трпејца
- прекрасно рибарско село кое е вистински бисер на брегот на
Охридското Езеро. Познато е по своите плажи со кристално чиста вода, рибни
специјалитети и гостопримливи домаќини.
4.
Љубаништа – познато по својата близина до манастирот Св. Наум и изворите
на реката Црн Дрим.
5. Пештани
- е прекрасно рибарско село сместено на брегот на Охридското Езеро, помеѓу
Охрид и Свети Наум. Ова живописно место е познато по своите традиционални куќи,
гостопримливи мештани и автентични рибни специјалитети.
Турата ќе
ни заврши со посета на селото Рамне, каде ќе имаме традиционален македонски
ручек, часеви по готвење и прекрасно зајдисонце.
Турата е
целодневна. Започнува во раните утрински часеви, а завршува во приквечерните
часеви.
Оваа тура
може да се организира и од Скопје со поаѓање рано наутро и поаѓање назад кон
Скопје во приквечерните часеви.
ЛОКАЦИЈА