Посета на најмалиот етнолошки музеј во светот: село Џепчиште - Тетово, Македонија
Посета на најмалиот етнолошки музеј во светот. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Скопје-Џепчиште-Тетово-Скопје)
- Лиценциран туристички водич
- Локален претставник
- Ручек
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци
Најмалиот етнолошки музеј во светот се наоѓа во селото Џепчиште, близу Тетово, во подножјето на Шар Планина.
Музејот, кој е во сопственост на архитектот Симеон Златев-Моне, има само 7,2 квадратни метри, но содржи повеќе од 1.500 експонати кои потекнуваат од 5-ти и 8-ми век п.н.е. до почетокот на 20-тиот век.
Експонати:
- Најмалиот експонат: Гумена џамлија за гласање од првата половина на 20-тиот век, со попречен пресек помал од еден сантиметар.
- Најголемиот експонат: Бакарна софра од Дојран со пречник над еден метар.
- Најтешкиот експонат: Рачна камена воденица за бунгур, тешка 58 килограми.
Музејот е отворен за јавноста, а досега го посетиле над 7.000 посетители од земјата и странство.
Влезот е бесплатен, а посетителите имаат можност да се запознаат со стари книги, прибор за пишување, различни монети и банкноти, традиционален накит и други артефакти кои сведочат за богатото културно наследство на регионот.
По посета на музејот, во турата е вклучен и разглед на Тетово.
Полудневната тура завршува со убав ручек пред поаѓањето назад кон Скопје.
ЛОКАЦИЈА