СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Полудневна тура Битола + Хераклеја Линкестис

Истражете ја Битола и посетете ја Хераклеја. Полудневна тура за група. Испратете ни барање со селектирање на датумот, бројот на лица и пишете ни доколку имате прашања. Одговор добивате во текот на денот.


Вклучено во цена:

  • Цената зависи од бројот на лица

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до Битола

Во текот на оваа четиричасовна тура, истражете ја Битола, вториот по големина град во Република Македонија, познат и како - Градот на конзулите, клавирите, модата, првата камера на Балканот....

Посетете го археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, Градскиот музеј, Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, најголемиот православен храм  Свети Димитриј, симболот на Градот – Саат кулата, џамијата Исак Челеби  

Прошетката завршува во  шармантната Стара чаршија, со посета на малиот битолски Монмартр, уметничко студио и колонија како  една од локалните гордости на градот.

· Посетете го археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис

· Прошетајте низ главната пешачка улица Широк Сокак

· Набљудувајте ја Саат-кулата (симбол на Битола)

· Прошетка низ Старата битолска чаршија

!!! Добро е да се знае: Светски познатите подни мозаици во Археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис вообичаено се отворени од Април до Ноември.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар