Целодневна тура Битола + Хераклеја Линкестис + НП Пелистер
Доколку сте помала група и сакате да ја истражете Битола во еден ден, тогаш вие сте на вистинското место. Резервирајте ја најдобрата организација за едно поинакво уникатно истражување на Битола и регионот. Испратете ни барање со селектирање на датумот, бројот на лица и пишете ни во барањето доколку имате прашања. Одговор добивате во текот на денот.
Вклучено во цена:
- Цената зависи од големината на групата и периодот
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до Битола
Нашата полудневна тура ја започнуваме на 3 километри од денешниот центар на Битола, археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис. Римската јавна бања, Големата базилика, Античкиот театар со нереална акустика се само дел од работите што ќе ги видиме таму. Подоцна продолжуваме до денешниот Градски музеј. Сместен во зградата од 1848 година, битолскиот музеј со право се гордее со својата колекција и илјадниците експонати со огромно културно и историско значење.
Прошетката подоцна продолжува низ Широк сокак,
(нашата верзија на парискиот Шанзелизе), Офисерскиот дом, Црквата Св. Димитриј, Домот на културата, Саат
Кулата….
Следно на нашата агенда е посета
на Старата чаршија.
Битола во текот на 19 век, како втор по
големина град во европскиот дел на Отоманската империја (по Солун),претставуваше
многу важен трговски центар со над 2000 продавници и работилници, а повеќето од
нив се наоѓаа во Старата чаршија.
Слободно време за ручек и купување на некој
локален сувенир.
Попладне се упатуваме кон НП Пелистер, нашата
гордост и бегство од урбаната џунгла и високите температури во летниот период.
Планината Баба, попозната како Пелистер (највисокиот
врв 2.601 м.н.в.) е најјужната планина со алпски карактеристики во Европа.
Борот Молика – “Pinus
peuce” е
најпознатиот претставник на флората и фауната
во Националниот парк Пелистер.
Иако Моликата се среќава и на други
планини на Балканот, една од најстарите и најкомпактни шумски заедници може да
се најде на Пелистер. Со прошетка по Пелистер може да се најдат дрвја постари
од 230 години. Доцна попладне се враќаме во центарот на Градот.
*Времетраење на турата: 7 - 8 часа
ЛОКАЦИЈА