Нераскажани приказни за Маврово: Патување низ села и диви терени
Нераскажани приказни за Маврово: Патување низ села и диви терени. Целодневна тура од Скопје. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Скопје-Маврово-Скопје)
- Локален претставник
- Лиценциран туристички водич
- Влезница за Национален парк Маврово
- Ручек/Вечера
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци
Маврово е еден од најубавите природни бисери на Македонија, сместен во северозападниот дел на земјата. Вистински рај за сите љубители на природата и активен туризам, нудејќи незаборавни авантури во текот на целата година.
Најголемиот шарм на Маврово е што таму секогаш има нешто ново за откривање, било тоа да се нови патеки или добри пријатели кои ќе те повикаат да останеш и да уживаш во едноставниот, но убав живот.
Секое село во околината на Маврово има своја приказна, а некои од нив се познати и по историски значајни манастири, кои потсетуваат на богатото културно наследство на регионот.
Во Маврово има многу што да се види и посети, но на нашата уникатна тура ќе се запознаеме со некои од локалците кои со големо задоволство ќе не поведат низ селата и дивите терени и ќе ни ги раскажат сите приказни за кои многумина немаат слушнато.
Што се може да се види во Маврово:
1. Цркви
2. Археолошки наоѓалишта
3. Пештери
4. Национелн парк Маврово
5. Околните села
За сите љубители на природата, авантурата и откривањето на нови места, Маврово и неговите села се идеално бегство од Скопје на еден ден.
Турата започнува со поаѓање од Скопје во раните утрински часеви.
Враќање назад кон Скопје во приквечерните часеви.
Турата е целодневна, вклучува многу пешачење и доста физичка активност.
Наша препорака е носење на лесна спортска облека за незаборавна авантура.
ЛОКАЦИЈА