Манастир Свети Архангел Михаил – Духовно прибежиште во Берово

Откријте го Манастирот Свети Архангел Михаил во Берово, изграден во 19‑ти век, со уникатна архитектура, ретки икони и мирна природа – идеално место за духовно смирување и автентично искуство.



Манастирот Свети Архангел Михаил во Берово, изграден меѓу 1815 и 1818 година, е духовно прибежиште полно со мир и историја. Црквата, делумно вкопана во земјата, и дрвените конаци од 19‑тиот век ја одразуваат автентичноста и духот на времето.

Внатрешноста плени со 72 икони и фрески, меѓу кои ретката икона на Свет пророк Ное од 1818 година.

Женското монаштво продолжува да ја негува двовековната традиција, создавајќи икони во византиски стил.

Мирната околина, шумската атмосфера и чистиот воздух го прават манастирот идеално место за духовно смирување и одмор од секојдневниот метеж.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар