НОВО

Летни вински вечери на плажа

Уживајте во летна винска вечер на плажа, со локални вина, вкусна храна, уреден простор и магична атмосфера. Искуство создадено за љубителите на природата, вината и убавите моменти покрај вода.


Вклучено во цена:

  • Внимателно избрани локални вина од различни вински региони на Македонија
  • Квалитетна храна и мезиња во комбинација со вината
  • Декорација и уредување на просторот на плажа за создавање на посебна атмосфера
  • Изнајмување и подготовка на простор на плажа
  • Професионална услуга и стручна презентација на вината

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да биде вклучен во цената и организиран)
  • Ноќевање или сместување (може да биде вклучено во цената и организирано)
  • Лични трошоци и дополнителни услуги

Во текот на топлите летни вечери, кајак.мк ви нуди уникатно искуство што ја комбинира магијата на македонските вина со природната убавина на плажите покрај езерата и реките. Ова е можност да се опуштите под отвореното небо, слушајќи го мирисот на брановите и свежиот летен воздух, додека дегустирате внимателно одбрани вина од различни вински региони на Македонија.

Овие вински вечери не се само за уживање во вкусот, туку и за доживување на културата и природата на нашата земја, далеку од градската гужва и во пријатна, интимна атмосфера. Преку овој настан, гостите имаат можност да ги почувствуваат автентичните ароми и богати вкусови кои го претставуваат македонското винско наследство, во комбинација со благиот звук на вода и свежината на летото.

Летните вински вечери на плажа се идеални за романтични моменти, дружби со пријатели или едноставно опуштање и впивање на моментите што ја прават Македонија посебна.



Дополнителни информации на [email protected]

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар