Легендата за Дојранското Езеро и околните културни богатства: Еднодневна тура од Скопје до Дојран
Легендата за Дојранското Езеро и околните културни богатства: Еднодневна тура од Скопје до Дојран. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Скопје-Дојран-Скопје)
- Ручек
- Лиценциран туристички водич
- Локален претставник
- Посета на локални занаетчии
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци
Дојран е мал, но убав град во југоисточниот дел на Македонија, познат по Дојранското Езеро, кое е едно од најтоплите езера во земјата. Сместен е близу границата со Грција и е популарна туристичка дестинација, особено во летните месеци.
Градот е поделен на два дела: Стар Дојран и Нов Дојран.
Стар Дојран има историско значење, бидејќи бил разурнат за време на Првата светска војна, а Нов Дојран е понова населба каде што се развива туризмот.
Од Скопје е одалечен околу 160км. Затоа поаѓаме во утринските часеви.
Во Дојран и неговата околина ќе посетиме две многу значајни цркви.
1. Црквата Св.Илија во селото Фурка прогласена за значајно културно наследство. Изградена во 1848 година.
2. Црквата Света Марија Магдалена сместена во Стар Дојран.
Како следна дестинација е споменикот на Дојрана.
Дали имате слушнато за легендата на Дојранското Езеро?
Доколку не, на оваа тура ќе имате можност да дознаете многу повеќе за настанувањето на градот Дојран и добивањето на неговото име од страна на локалците. Токму на местото каде се издигнува споменикот на Дојрана ќе не пречека легендата која нема никогаш да ја заборавите.
Дојран има многу занаетчии и локални херои кои вреди да ги запознаете.
Во попладневните часеви ќе ја завршиме турата со прекрасен ручек на Дојранското езеро.
Поаѓање кон Скопје во приквечерните часеви.
ЛОКАЦИЈА