НОВО

Истражи ја Битола - еднодневна тура од Скопје

Еднодневна тура до Битола од Скопје. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Битола-Скопје)
  • Посета на историско-културни атракции

Не е вклучено во цена:

  • Ручек/Вечера (можност да биде вклучено во цената и организирано на ваше барање)
  • Пијалоци
  • Лични трошоци

Битола е град во југозападниот дел на Македонија, сместен во долината под Пелистер, близу до границата со Грција. Познат е по својата историска и културна важност, со многу споменици од Османлиското и Римското владеење, како и со старата чаршија, која има бројни кафулиња и продавници. Градот е и културен центар, со многу театри, галерии и музеи. Битола е дом на многу важни личности од македонската историја.

Одалечен е од Скопје околу 108км.

Поаѓаме од главниот град во раните утрински часеви за максимално искористување на денот.

Што би посетиле во Битола:

Античкиот локалитет ХераклеаГрадот е познат по античкиот локалитет Хераклеа, каде што можете да ја доживеете магијата на Римската историја и да уживате во впечатливите археолошки наоѓалишта. 

Саат Кулата - најпрепознатливо обележје на градот

Старата битолска чаршија 

Широк Сокак

Локални цркви

Музеј

Уште неколку историско-културни атракции меѓу кои и целосно откривање на најпознатата љубовна приказна на балканските Ромео и Јулија.

Поаѓање назад кон Скопје во приквечерните часеви.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар