СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Џин тура во Виница: Дегустација на Џин

Vinica Цена од:

1,000.00 ден

Посетете ја дестилеријата на џин во Виница


Вклучено во цена:

  • Цена по лице
  • Во цената е вклучено презентација на дестилеријата, процесот на производство како и дегустација на џин
  • Цената може да варира

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна

За оние кои се во посета на Виница, може да резервираат дегустација на виничкиот џин кој го произведува Михаил.

Турата започнува со презентација на дестилеријата, исто така се презентира процесот на производство на џин, а турата завршува со дегустација на џин.

Времетраењето на турата е околку еден час.

Цената варира во зависност од големината на групата. Слободно испратете ни барања по кое ќе добиете понуда.

Михаил е дипломиран градежен инженер, со специјализација во челични конструкции. Неговата главна професија е поврзана со работата со челик, што некако дирекно се поврзува со македонскиот џин „Welders“.

Михаил може да се пофали со зголемено производство на џин, со поголем капацитет и оптимизиран процес. Џинот се произведува сезонски, користејќи висококвалитетни состојки. Првичната база од локално мелена пченица, е заменета или надополнета со комбинации до македонско грозје за дополнителна поврзаност со македонската традиција. Мешавината на ботаници вклучува смрека (20-25% од кошницата на џинот), коријандер, кардамон, ангелика корен, ирис корен, камилица, боздел, мeдуника, кора од лимон и портокал, сладок корен, линцура и други ароматични билки. Свежата планинска вода од селото Блатец додава посебна нота на конечниот производ.

Во моментот, Welders Gin нуди само еден производ – современ џин со понизок профил на смрека во споредба со традиционалните London Dry џинови. Во иднина, можеби ќе има планови за проширување на асортиманот со различни сорти.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Разгледајте повеќе атракции