Casa Verde: Кучково

Skopje Цена од:

6,000.00 ден

Контакт за резервација: 075 287 434


Вклучено во цена:

  • Минимална цена за наем на просторот
  • Цените варираат и зависат од многу фактори

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна

Еј друштво, тимот на Кајак.мк денеска ќе ве запознае со уште една дестинација идеална за организирање на настани на отворено.

Не станува збор за сместување, ниту пак за гастрономска дестинација, туку станува збор за простор кој можете да го резервирате и да организирате настани.

Денеска разговаравме со домаќинката Елена, која стопанисува со просторот а која за Кајак.мк вели дека причината поради која луѓето ја бараат локацијата е специфичноста на просторот која нуди апсолутна приватност. Станува збор за голем простор каде што сте само Вие опкружени со зеленило и природа, додава таа.

Елена вели дека селото Кучково има голем неискористен туристички потенцијал, луѓето го сакаат селото бидејќи е прополтано во природа, а сепак само 15 километри од центарот на Скопје.

Отворениот простор е идеален за приватни настани, на него може да се реализираат сите идеи, без разлика дали станува збор за тематска прослава, тим-билдинг, јога часови и слично.

На располагање се неколку летниковци, зелени тераси, целосно опремено детско игралиште за загарантирана забава за најмалите, а за гурманите има скара со фурна која што може да се користи

Елена вели дека најчесто се организираат детски родендени, мали свадби и семејни прослави, но среќна е што имаат најави за првите странски групи.

Остави Коментар