Тура со снежници: Маврово
Турата се реализира во зависност од физичката подготвеност на групата. Доколку сакате да резервирате или испратите прашање, потребно е да го пополните формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со инфо и вкупна цена.
Вклучено во цена:
- Цената варира од видот на турата и барањата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Дополнително, планинарењето со снежници може да биде и многу авантуристичка активност, доколку групата е подготвена за скијање или сноубординг во ‘free ride’ услови, а учесниците не поседуваат туринг опрема. Снежниците овозможуваат брзо и лесно да освоите стрмна падина.
Во планинарскиот дом Carevec Mountain Hut, каде е седиштето на Маврово365, можете да изнајмите опрема и да си направите прошетка со снежници во околината или да резервирате тура со водич и да ги доживеете снежните врвови на Бистра. Од организацијата велат дека турата може да се прилагоди на физичката подготвеност и расположението на групата, а дека тие нудат 3 варијанта на турата (лесна тура со времетраење од 2 часа, средно тешка тура со времетраење од 3 часа и тешка тура со времетраење од 3до 5 часа).
ЛОКАЦИЈА