Вила со базен, џакузи, сауна и тениско игралиште идеала за секого

Skopje Цена од:

15,375.00 ден

Вила со базен идеална за организирање на тим-билдинг настани. Испратете барање со селектирање на датумот, пишете број на гости и очекувајте одговор на мејл. За ваша безбедност и безбедност при организација ве молиме практикувајте резервации на мејл.


Вклучено во цена:

  • Цената за наем на вилата преку ден за организирање настани се движи од 250-700 евра за ден зависи од периодот, број на луѓе и часови за изнајмување.
  • Достапни за користење сите ресурси на вилата како базен, џакузи, сауна, шанк, тоалети, тениско игралиште, интернет, паркинг, конопои, маси.

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна

Вила која се наоѓа во околината на Скопје, на патот кон Велес. Лесно достапна од автопатот, во близина на село Дрма.

Идеална вила за организирање на приватни настани, а идеална и за престој. За оние кои сакаат својот настан да го организираат покрај базен, џакузи, каде имате лежалки за сонце, тениско игралиште, шанк на отворено, опремена кујна, паркинг простор за 30 возила и доколку имате буџет кој може да го дозволи овој објект, тогаш не размислувајте дали вашите семејни прослави, вашите коорпоративни настани, тим-билдинг зиднувања да ги организирате овде.

Вилата има капацитет до 150 гости, а може и повеќе во зависност од тоа кој простор би се користел.

Вилата се изнајмува и за ноќевање, а повеќе околу цената за ноќевање и тоа што соодржи вилата можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Базенот е со големина од 10x6 метри, а длабочина од 1.50 до 2.00 метри. Работи од 20.04.2024 до 30.09.2024.

Има шанк, има опремени две кујни од кои едната летна кујна и горе во вилата има уште една, а надвор има скара.

Вилата има три кулатила со тоалети, паркинг простор за 30 возила, а целосниот простор на вилата е 2500 метри квадратни. На приземјето во вилата има простор за активности како пинг-понг маси, справи за вежбање, бокс вреќа, шаховски табли, сауна и маси за седење.

Гостинската куќа со приземје и поткровје за ноќевање.

Вилата има тениско игралиште со машина (топ за исфрлање топки), базен, џакузи, летна кујна, лежалки со мини масички, конопои, маси и многу зелена површина.

Остави Коментар