НОВО
Супер Домаќин

Еднодневно искуство во ранч со згрижени и спасени животни од Марија во село Ранковце

Kriva Palanka Цена од:

1,537.00 ден

Еднодневно искуство во ранч со згрижени и спасени животни од Марија во село Ранковце. Доколку сакате да резервирате термин ве молиме селектирајте го датумот и наведете во самото барање колку лица сте (возрасни и деца). Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна цена по која можете да ја потврдите резервацијата.


Вклучено во цена:

  • Сите цени со различни опции се истаканти во самиот опис на понудата
  • При испраќање барање за резервација пишете ни за која опција сте заинтересирани

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата (Може да се организира преку Кајак.мк) доволно е да пишете при испраќање на барањето

Локација: Ранковце

Времетраење: 2 часа или целодневна програма (до 5 часа)
Тип на искуство: природа, животни, хуманост, едукација и релаксација

За искуството

„The Countryside“ не е обичен ранч – тоа е простор на љубов, грижа и приказни. Под водство на Марија Дуда, посетителите имаат можност од прва рака да се запознаат со спасени животни, да ја слушнат нивната приказна, да се поврзат со природата и да доживеат мир кој ретко се наоѓа.

Што вклучува искуството?

КРАТКА ПОСЕТА (2 часа)

За возрасни

  • Пречек со кафе или сок
  • Раскажување на приказната за ранчот и животните
  • Дружење, хранење и контакт со животните
  • Мирна прошетка и релаксација во природна средина

Цена:

  • 370 денари / 6 € по лице (влезницата е на некој начин донација и поддршка за ова што го работи Марија)

За деца

  • Интерактивна дружба со животните
  • Едукативен пристап прилагоден за деца

Цена:

  • 200 денари / 3.5 € по дете (влезницата е на некој начин донација и поддршка за ова што го работи Марија)

ЦЕЛОДНЕВНО ИСКУСТВО (до 5 часа)

Автентично, едукативно и инспиративно доживување

  • Запознавање со коњите и нивната улога во терапијата
  • Дружење и фотографирање со животните
  • Раскажување на целосната приказна за ранчот
  • Приказна за штрковите и визијата за идниот shelter / засолниште
  • Одмор во природа
  • Вклучена веганска / вегетаријанска храна и пијалоци

Цена:

  • 25 € по лице

За кого е наменето?

  • Семејства со деца
  • Мали групи и пријатели
  • Тим билдинг активности
  • Љубители на животни и природа
  • Луѓе кои бараат мир, смисла и автентично искуство

Зошто ова искуство е поинакво?

Спасени животни, не атракција
Реална приказна, не сценарио
Хуманост, не масовен туризам
Домаќин кој лично ја раскажува приказната

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар