Еднодневна тура во срцето на Малешевијата: посета на манастирот Св.Архангел Михаил, локални занаетчии и гастрономско уживање

Еднодневна тура во срцето на Малешевијата: посета на манастирот Св.Архангел Михаил, локални занаетчии и гастрономско уживање. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Берово-Скопје)
  • Лиценциран туристички водич
  • Ручек

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Еднодневна тура во срцето на Малешевијата. 

Поаѓање од Скопје во раните утрински часеви.

Источна Македонија е регион познат по својата живописна природа, рурална автентичност и богато културно наследство. Овој дел од земјата нуди комбинација од планински предели, плодни долини и традиционални села, каде што се негуваат старите занаети и обичаи.

Берово е мало, но живописно гратче во овој регион, познато по својата прекрасна природа, чист воздух и традиционална архитектура. Сместено во Малешевските Планини, Берово е идеална дестинација за љубителите на мирот, планинските прошетки и автентичните локални искуства.

Во Берово има многу што да се посети и истражува. Во нашата еднодневна тура ќе ставиме акцент на духовното, историско, културно наследство од регионот.

Ќе го посетиме Манастирот Св. Архангел Михаил - познат и како Женски Манастир. Единствен манастир во Македонија каде сеуште се прават мозаици.

Црквата Пресвета Богородица - изградена во стилот на византинско-македонски цркви од средниот век.

Разглед на Берово со посета на локални занаетчии и ручек кај локалци. Берово е познато по кравјо и овчо сирење, домашни колбаси, мед и органски производи. Традиционална Малешевска трпеза е неизбежен дел од нашата тура.

Беровското Езеро – прекрасно место за прошетки, релаксација и фотографирање.

Берово е вистинска рурална авантура, нудејќи комбинација од природни убавини, традиција и гостопримство. 

Се враќаме назад кон Скопје во доцните попладневни часеви.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар