НОВО

Еднодневна тура до Крива Паланка и околината со посета на манастирот Св.Јоаким Осоговски

Еднодневно патување од Скопје до Крива Паланка и околината со посета на манастирот Св.Јоаким Осоговски. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Крива Паланка-Скопје)

Не е вклучено во цена:

  • Ручек (на барање на групата може да биде организиран и вклучен во цената)
  • Пијалоци
  • Лични трошоци

Крива Паланка се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, на околу 100км од главниот град Скопје.

Позната по Осоговските планини, бројните манастирски комплекси, цркви во старите села кои сеуште гордо стојат и му пркосат на времето, земјоделство и рударство.

За да може да се искористи денот тргнуваме од Скопје во раните утрински часеви. 

Во турата се вклучени:

1. Селото Градец

- Испосница на Јоаким Осоговски

- Археолошки локалитет "Градиште"

- Црквата Св.Никола

2. Посета на манастирот Св.Јоаким Осоговски

3. Крива Паланка

- Музеј на град Крива Паланка

- Црквата Св.Димитриј

Поаѓање назад кон Скопје во приквечерните часеви.

Остави Коментар