Јавење коњи во Требиште
1,500.00 ден
Слободата која ја имаат коњите за совладување и искачување на различни терени, е незаменлива со ниедно моторно возило.
Вклучено во цена:
- 2 часа јавење коњ
- Освежување
- Постојат различни пакети и различни цени
Не е вклучено во цена:
- Транспорт
Слободата која ја имаат коњите за совладување и искачување на различни терени, е незаменлива со ниедно моторно возило. Особено јавањето на коњи во близина на село Требиште. Турите кои ги организираат Hedon Riding од помали групи со максимална бројка до 6 лица, што е одлична опција за тимбилдинг дружење со колегите, фамилијарен излет, дужба со вашите пријатели или роднини. Ова е добитна комбинација доколку сакате да поминете време во планина со вашите најблиски, а сепак на тивко место и далеку од метежот. Hedon Riding велат дека се трудат со вакви тури да им пружаат уживање на клиентите, луѓе кои се желни за авантури и истражување на нови предели. Со вклучување на локалното население во развој на туризмот во оваа област тие придонесуваат за економски раст и овозможување на подобри услови за егзистенција на село, особено на ова село каде коњите се изворот на приход.
Тури можете да резервирате на телефонскиот број 077 648 679
ЛОКАЦИЈА