Вински вечери: Храна+Вино
Оранизирајте го вашето друштво и испратете барање за една поразлична винска дегустација. За да резервирате потребно е да испратите барање за резервација, по испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цената зависи од барањата на групата и големината на групата
- Групата треба да биде од минимум 6 лица до максимум 35 лица поради комфор и уживање
- Вино (Бело, розе и црвено)
- Локална храна (Предјадење, главно јадење и десерт)
- Музика и организиран простор
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до винаријата
Во Македонија има многу локални семејни винарии кои произведуваат
квалитетно вино и вложуваат сѐ од себе за да создадат квалитетна винска
приказна преку која ќе се промовира нашата земја насекаде во светот.
Кајак.мк има мисија преку која сѐ до последниот миг од постоењето
ќе направи напори да ја даде сета поддршка на малите семејни винарии кои ја
вложуваат сета љубов во производството на квалитетно локално вино.
Од ваквите причини, ние отпочнавме со организирање на вински
летни дегустации низ разни дворчиња на семејните винарии во Македонија.
Топлите летни ноќи, ѕвезденото небо, добрата локална храна и доброто друштво се причината поради која овие друштвени седенки во приватна атмосфера ни зачестија во изминатиот период.
Ваквите приватни вински вечери може да започнат во 19:00 или 20:00 часот доколку е многу жешко, а доколку е есен, истите може да започат и од попладневните часови како би се искористило топлото сонце. Што се однесува за зимскиот период, истите се реализираат во затворен простор. Наше е да ви го организираме просторот, а ваше е да го организирате вашето друштво, пријатели или колеги.
Организациите вклучуваат:
- Храна
- Дегустација на неколку разни сорти вино од самата семејна винарија
- Организаиран простор
- Музика
- Винска тура низ винаријата
Поради конзумацијата на вино, наша препорака е да си организирате превоз до самата винарија или ноќевање во Гевгелија. Ние ви стоиме на располагање за организирање на превоз.
ЛОКАЦИЈА