Ноќевање на портал на карпа во Демиркаписка клисура

Demir Kapija Цена од:

18,450.00 ден

Ноќевање на порталеџ во Демир Капија. Идеална тура за авантуристи и луѓе кои се зависници од нови предизвици. Испратете барање за резервација на ваквата тура. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со вкупна цена.


Вклучено во цена:

  • Времетраење од 12-16 часа
  • Максимум 2 лица од ноќ
  • Цена за едно лице: 300€
  • Цена за 2 лица:500€
  • Опрема, храна и вода обезбедена постојано
  • Тим инструктори
  • Обука и едукација

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до Демир Капија

Покрај еднодневните тури кои се нудат во Демир Капија, можете да одберете ноќевање на портал прикачен на карпа и да останете цела ноќ на 100 метри височина.

Ваквата авантура трае од 12 до 16 часа, со претходни подготовки, но најважно од сѐ е, како што вели Дарио, доколку не сакате да останете на порталот, тимот кој е во постојана комуникација со вас и ќе ви овозможи брзо симнување на земјата.

На прашањето, дали е потребно претходно искуство? За ваквите ноќевања не е потребно, бидејќи логистиката, координацијата, контролирањето и ноќниот надзор го вршат професионални лица кои се одговорни за вашиот престој, онаму горе.

Ваквата специјална програма или понуда, нуди врвно искуство за преноќување на карпа, што ќе ви го долови начинот на живеење на алпинистите и стручните алпинисти, но на многу повозбудлив и полуксузен начин.

Самиот тим подготвува сè за вас и ве води низ секој чекор. Ваша задача е да уживате во совршените погледи, да го почувствувате адреналинот и да го поминете времето од вашиот живот на еден доста уникатен начин.

Програмата започнува со тоа што тимот ви врши детална подготовка на терен. Ви ги соопштуваат сите потребни инструкции и ве запознаваат со основната опрема како појасите за качување, шлем, јажиња, обувки и друго. Потоа заедно со стручниот тим кој ќе биде одговорен за вашето ноќевање се упатувате кон карпата/локацијата на која ќе ја поминете ноќта. Искачувањето се прави на релативно лесна рута со фиксни јажиња, во водство и со помош на тимот инструктори. Откако ќе се поставите на порталот и ќе ви се направи удобност, ќе ви бидат соопштени сите инструкции за начинот на кој треба да ги исконтактирате инструкторите доколку сакате да ве симнат на површина.

Пред да ве препуштат во адреналинското приватно уживање, вие ќе добиете убава вечера и безалкохолен пијалок по ваш избор. Оттука може да започне вашата нова животна авантура.

Но, не грижете се! Вашите водичи ќе останат на земјата во текот на цела ноќ, ќе ви обезбедат токен на кој ќе можете да контактирате со нив во секое време и за секакви прашања, како и за помош или евакуација од карпата во секое време.

За оние кои ќе ги дочекат утрата, а како што вели Дарио скоро сите го дочекуваат утрото наспани, водичите ќе се вратат за да ве симнат безбедно на земјата.

За да биде ваквата авантура романтична, порталите на кои можете да престојувате се двојни и наменети за две лица, што значи дека овде можете да уживате со уште една ваша блиска личност. Ова ви дава фантастична можност да го споделите ова врвно искуство со вашите најблиски, членовите на семејството или пријателите.

Исто така, доколку се чувствувате подготвени за ваква авантура, но не сакате да бидете сами, секогаш постои можност некој од водичите да ви прави друштво во текот на ноќта.

Вреќи за спиење, мали перници и се што е потребно за пријатен престој на порталот, ви се обезбедува од самиот тим.

За тоа кој период е најдобар за уживање, имајте предвид дека тоа се месеците од мај до октомври.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар