Станечки водопад
Водопадот е одлична причина која треба да ве поттикне да го искористите слободниот викенд со активности во природа.
Вклучено во цена:
- Предлог за индивидуална прошетка
Не е вклучено во цена:
- Предлог за индивидуална прошетка
Се наоѓа на Козја Река во близина на селото Станци на 8
километри од Крива Паланка. До самото село Станци има асфалтен пат кој е долг 5
километри, а потоа се продолжува по патека која води покрај Козја Река и по 3
километри или 30 минити пешачење низ прекрасна природа се пристигнува до
големиот Станечки водопад кој е на надморска височина од 1160 метри и има вода
во текот на цела година.
Водопадот е висок
11 метри што е најголем водопад на Осовоските планини. Водопадот истекува во
голем природен базен кој се создава од постојаното течение. Теренот до водопадот
е релативно достапен и опколен со густа букова шума.
Посетата на Станечкиот
водопад можете да ја искомбинирате со посета на рестораните кои се наоѓаат на Калин
Камен, а кои можете да ги погледнете и резервирате преку базата на Кајак.мк или
со еден клик ОВДЕ.
ЛОКАЦИЈА