Целодневна тура на Галичник, Македонија
Целодневна тура на Галичник, Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Скопје-Галичник-Скопје)
- Локален претставник
- Лиценциран туристички водич
- Ручек
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци
"Ако Македонија е библиска земја, Галичник е нејзината последна реликвија!" - Петре М.Андреевски
Галичник.
Живописно село сместено на падините на планината Бистра. Карактеристично е по своите камени куќи, тесни улици и богата историја која датира од 14-тиот век.
Селото е на надморска височина од 1270 до 1500 метри опкружен со пасишта, зеленило и бесконечна убавина.
Денес Галичник е позната туристичка атракција. Мештаните одамна се имаат иселено и доаѓаат во родниот крај да ги реновираат куќите, да избегаат од летните горештини.
Интересен факт е дека во текот на зимата Галичник брои само еден жител.
Најпозната традиција во Галичник е Галичка свадба која традиционално се организира секоја година во месец јули на Петровден.
Во Галичник има многу што да се види и слушне.
На нашата тура ќе ни се придружат повеќе локалци кои ќе ни ги раскажат сите митови и легенди за ова божјо место.
По целодневен разглед на селото, ќе имаме традиционален Галички ручек со локални Галички производи.
Групата ќе има можност да искуси подготовка на Галичко сирење.
Турата е целодневна.
Поаѓаме од Скопје во раните утрински часеви, а се враќаме назад кон Скопје во приквечерните часеви.
ЛОКАЦИЈА