Целодневна музејска тура во Скопје, Македонија

Целодневна музејска тура во Скопје, Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Лиценциран туристички водич
  • Влезници за музеите

Не е вклучено во цена:

  • Ручек (може да биде организиран во Старата Скопска Чаршија на барање на групата и вклучен во цената)
  • Лични трошоци

Скопје, главниот град на Република Северна Македонија. Седиште на музеи кои го одразуваат богатото историско, културно и уметничко наследство на регионот.

Нашата тура ќе започне во утринските часеви на збирно место во центарот на градот. 

Целта на турата е да се посетат сите значајни музеи во градот, преку кои ќе допреме до богатото историско и културно наследство на македонсиот народ.

Музеите се наоѓаат во централното градско подрачје, па нема да ни биде потребно дополнителен превоз.


Турата вклучува посета на:

1. Музеј на град Скопје прикажува историски и културни моменти од развојот на градот Скопје, со акцент на архитектурата, урбанизмот и важни настани кои ја обликувале историјата на градот.

2. Посета на Спомен куќата на Мајка Тереза - посветена на животот и делото на една од најголемите хуманитарки на 20-тиот век, Мајка Тереза, која е родена во Скопје. Спомен куќата се наоѓа во центарот на градот, во близина на нејзината родна куќа, и е еден од важните историски и културни споменици на градот.

3. Музеј на македонската борба - музеј кој ја истражува историјата на македонскиот народ во борбата за независност и суверенитет. Содржи експонати од ослободителните војни и поважни историски настани од 20-тиот век.

4. Музеј на Македонија - еден од најголемите и најзначајните музеи во Скопје, кој ја прикажува историјата и културата на Македонија од античките времиња до денес. Се наоѓа во зграда со уникатен архитектонски стил и содржи експонати од археологија, етнологија и историја на уметноста.

5. Меморијален центар на Холокаустот на Евреите од Македонија -  е посветен на сеќавањето на трагедијата која ги погоди евреите од Македонија за време на Втората светска војна. Центарот има за цел да го истражува и документира страдањето на македонските евреи, кои во 1943 година беа депортирани во нацистичките концентрациони логори, каде голем дел од нив загинаа.

6.  Музеј на Старата Скопска Чаршија - е посветен на истражување и прикажување на традицијата, историјата и културата на старото скопско пазарно подрачје, познато како Чаршија. Скопската Чаршија е историски и културен центар, која датира од османлискиот период и беше срце на економскиот и социјалниот живот на градот.


Во зависнот од интересите на групата, може да се направи измена во програмата. 

(може да бидат додадени: Археолошкиот музеј, Музејот на Современа Уметност и Природнонаучниот музеј)


Музејската тура ќе ја завршиме со кафе во Старата Скопска Чаршија.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар