Целодневен разглед на Јанче - македонското село со автентична архитектура

Целодневен разглед на Јанче - македонското село со автентична архитектура. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Јанче-Скопје)
  • Локален претставник
  • Лиценциран туристички водич
  • Ручек

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Целодневна тура од Скопје со поаѓање во утринските часеви.

Селото Јанче е вистински бисер и скриено богатство на Македонија, познато по својата автентична архитектура. Единствено е во Македонија кое останало верно на традицијата и не подлегнува на модерните времиња, го задржува изгледот и духот како што било пред многу години. Селото го отсликува старото време, создавајќи уникатно и автентично искуство за сите посетители.

Првиот впечаток од Јанче е величественото зеленило и сцени што личат на Македонски народни приказни, кои се емитуваат во живо.

Во целодневната тура ќе ги посетиме:

1. Манастирот Св.Јован Бигорски

2. Водопадот Дуф

3. Мостот Елен Скок на Тресонечка река

4. Глацијалното езеро Локув

5. Пештерата Шаркова Дупка

Во текот на целодневниот разглед ќе бидеме пречекани од локалните мештани, кои на најдобар начин ќе ни ги пренесат приказните, легендите и сите убавини на Јанче.

Ќе научиме како да направиме по некоја традиционална пита.

Крајот на разгледот ќе го заокружиме со ручек кај локално семејство.

Поаѓање назад кон Скопје во попладневните часеви. 

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар