Работилница за македонски рубин и филиграни

Работилница и дуќан за македонски рубин и филиграни. Испратете он-лајн барање за организирано искуство и очекувајте повратен одговор на вашиот мејл.


Вклучено во цена:

  • Промоција и запознавање со Македонскиот рубин
  • Запознавање со приказната на македонските занаетчии
  • Разгледување на разни рачни изработки

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локација

Mало дуќанче на Деан Шкартов каде промовира и продава изработки од македонски рубин и изработки од филиграни.

Деан исто така организира и еднодневни искуства преку кои го претставува начинот на кој тој рачно изработува македонски рубин.

Неговата приказна е доста автентична, а неговиот животен пат е лекција која мора да се слушне.

Покрај дуќанот во строгиот центар на градот, отворена е и првата македонска галерија на кристали, минерали, фосили и скапоцени камења во близина на грчката амбасада во Скопје. Гостите ќе може да се запознаат со природните богатства како и промоција на македонскиот рубин како светско уникатно наследство.

 

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар