Научете повеќе за изработка на дрвени украси

Ohrid Цена од:

1.00 ден

Изработка на дрвени сувенири


Вклучено во цена:

  • Во договор со Славко

Денеска ќе ве запознаеме со Славко Баче чија приказна ќе може да ја доживеете во неговата работилница во Охрид. Славко е познат по неговата „Homemade Bache“ работилница каде произведува дрвени украси и играчки за деца.

Тој вели дека од мали нозе бил заинтересиран за начинот на кој функционираат старите алати кои ги користеле неговите предци. Низ неговото детство учел како да изработува дрвени производи, но конкретно и посериозно со пософистицирани алатки започнал да работи последните 5 години.

Слободата на создавање и изразување е нешто најпривлечно за еден човек. Тоа е исто како растот на едно дрво во склад со околината, а ваквата слобода го поттикнала да се вложи длабоко во занаетот.

Основите на занаетот ги научил од неговиот татко Сашо, а сега секојдневно се надоградуваат со различни експерименти и практчна работа. Од многуте успешни експерименти кои ги има создадено особено драга му е првата скулптура „Архаична свежина“ која е изработена од корен од стар багрем.

Сега се повеќе се фокусира на изработка на играчки за деца, почнувајќи од дрвени автомобили, камиони, сложувалки, но и по некоја ноќна сијалица од лејки.

За да се изработи уникатен предмет или играчка процесот не е баш едноставен, вели Славко. Се започнува со планирање, цртање и одредување на размерот. На почетокот треба да се биде доста внимателен и да се предвидат сите движења и наредни чекори.

По утврдената постапка за работа, започнува припремата на парчето дрво адекватно за дадениот проект, а потоа следува сечење на деловите и склопување на продуктот. Сето ова завршува со фино шмиргање и заштита на дрвото.

Работилницата на Славко е сместена во стариот дел на Охрид на патот кон црквата Св. Јован Богослов - Канео. Ова локација му овозможува редовен контакт со туристи, за кои Славко вели дека го стимулираат да продолжи да се вложува во работата.

Искуството како туристички водич кој го стекнал во изминатите години му ја дава потребната енергија да го пренесе свето знаење на посетителите кои ќе скршнат во работилницата.

Славко завршил средно образование во Охрид, а факултетот го заршува во Софија. Љубовта кон родниот крај го потикнала да се врати и да се вложи во туризмот дома. Денеска, негова најголема поддршка се фамилијата, а најмногу неговите деца. Секоја нова произведена играчка за нив е нова радост.

ФБ :https://www.facebook.com/Bache-Handmade-Design-153207244734570/

Mail: [email protected] или на телефон: 070 613 769 Славко Баче

Остави Коментар