СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Лов на тартуфи во Македонија

Skopje Цена од:

6,150.00 ден

Одиме во лов на тартуфи. Со дресирани и питоми кученца-трагачи, искусни ловци на тартуфи и подготвени вкуски специјалитети од тартуфи. Време е да почнеме да размислуваме за еднодневни прошетки во природа со нашето друштво, колеги, семејство. Зарем не?


Вклучено во цена:

  • Цената по лице е 100 евра
  • За реализација потребно е да се пријави веќе составена група
  • Целодневна тура организирана со локални ловци и кучиња
  • Обука за лов на тартуфи
  • Дегустација на производи до тартуф
  • Ручек со специјалитети, вино, ракија.
  • Пронајдените плодови се задржуваат
  • Фотографирање

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Македонија е богата со тартуфи. Затоа започнува со лов на тартуфи со искусни ловци, дресирани кученца, многу прошетка во природа, запознавање со локалната природа и секако дегустација на разни специјалитети од тартуфи.

За реализација на целодневната тура потребно е групата да биде од минимум 10 лица. Доколку групата е помала се пресметува милималната сума за 10 лица. 

Програмата во кратки црти:

  • Пристигнување на групата на договорена локација со сопствени возила, одбраните терени се достапни за сите возила
  • Запознавање со локалците кои ги организираат турите. Воведно запознавање со придобивките на тартуфот, како да биде препознаен, запознавање со кученцата ловци
  • Започнување на турата: Лов на тартуфи. Турите се реализираат низ прекрасни предели, каде групата ќе пешачи, ужива во природата, ќе се запознае со околината и секако ќе направи добри фотографии.
  • По реализација на турата следува дегустација на разни специјалитети од тартуфи во природа. Специјалитети како:
    Ракија со тартуф, ликер со тартуф, чај со тартуф, греено вино со тартуф.
    Вкусување на специјалитети со тартуф како: Тортиљи со тартуф, чист тартуф, слатко од тартуф и мед, тестенини со тартуфи.
    (Производите се медицински испитани)
  • По завршувањето на дегустацијата, групата може да купи производи за дома.
  • Крај на турата.

Испратете барање на [email protected] 

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Igor Naskovski

    22.02.2024 09:09

    Добар ден, Голем поздрав за иницијативата, ние сме Truffles Macedonia, пионери во тартуфарство во Македонија и најголемата и најтрофејна одгледувачница која бележи врвни резултати во и вон Македонија, имате силна подршка за акцијата и редно е македонскиот тартуф да биде претставен како што заслужува, инаку квалитетот на нашиот тартуф е на самиот врв во светски рамки, сите што пробале мислам на експерти од Италија, Швајцарија, Истра, Франција се фрапирани, Уште еднаш четитки и успеси во реализацијата.