Искачување по карпи во Демир Капија: За лица без искуство
3,075.00 ден
Искачување по карпа во Демир Капија. Доколку сакате да резервирате за одреден датум и број на лица, кликнете на Испрати Барање. Пополнете го формуларот и очекувајте одговор на мејл. При испраќање на барање ве молиме наведете дали имате досегашно искуство во искачување.
Вклучено во цена:
- Цените се наведени во опис
- Цената зависи од бројот на пријавени лица
- Целосна организација и обука
- Обезбедување на опрема
- Тим инструктори
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Турата/Понудата
за качување по карпи за почетници е наменета за поединци кои немаат или имаат
мало искуство во качување на карпи на отворено. Целта на ваквите искачувања е
да се научат основните вештини кои му се потребни на едно лице да се чувствува
удобно во моментот кога се качува по карпи, а за тоа да се постигне, како што
вели Дарио, потребно е добар тим професионални аплинисти кои ќе бидат постојано
до него. Преку овие тури ќе се научат вештините за правилно искачување, одлучност
и истрајност.
Преку оваа тура,
учесниците ќе научат како да се
искачуваат на карпи во почетничка средина на лесен до умерен терен. Упатството
започнува со вовед, употребата и грижата за опремата за качување и продолжува
со темелно разгледување на процедурите потребни за качување со топ-роп јаже. Потоа, работејќи од основите
на рамнотежата и држењето на телото, почнуваме со промени на позиции на рацете и нозете на умерено тло.
Како што постепено се движиме кон попредизвикувачки терен, воведуваме
дополнителни позиции на рацете, стапалата и телото за да започнеме да развиваме
комплетен репертоар на техники за качување слободно со јаже за секој алпинист.
Пријавените
ученици треба да пристигнат на терен во спортска опрема, по можност со панталони
со целосно покриени нозе. Не е потребно искуство.
Сите учесници добиваат едукација, врвно јаже за качување, основни јазли, опрема како појас, шлем, обувки за качување.
ЛОКАЦИЈА