Изнајмување на базен во Горно Соње за приватни настани

Skopje Цена од:

13,530.00 ден

Доколку сакате да го резервирате просторот погледнете ги цените и политиките на просторот. Доколку ви одговара истото испратете барање за резервација, по испратеното барање ќе добиете одговор со вкупна цена по кое можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл и во пишана форма, така е најбезбедно за вас и за домаќините


Вклучено во цена:

  • Цена за наем на просторот за цел ден за 10 лица од 12:00 часот напладне до 22:00 навечер или од 14:00 часот напладне до полноќ.
  • За резевација на термин се плаќа 10% депозит/капар, а остатокот се доплаќа на 10 дена пред пристигнување
  • За групи поголеми од 10 лица цената варира
  • Цената може да варира во зависност од периодот

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локација
  • Храна и пијалоци

Во базата на Кајак.мк ќе најдете многу организирани и модерни приватни простори со базени на кои можете да ги организирате вашите настани.

За оние кои се во потрага по локација за еднодневни настани во околината на Скопје, без ноќевање, тогаш овој модерен простор во Горно Соње може да биде ваш избор.

Просторот не нуди опција за ноќевање, но нуди можност за целодневна забава и дружење со вашите најблиски.

Ова се информации кои треба да ги знаете за просторот:

Капацитет на просторот е за максимум 40 лица на отворено, внатрешниот дел не се изнајмува за ноќевање.

Базенот се наоѓа во Горно Соње на улица 8. Точната локација гостите ја добиваат по извршената резервација.

Просторот има приватен паркинг за максимум 10 возила.

Просторот има сопствена кујна и тоалет.

Има обезбедено фрижидери.

Има приватно Wi-Fi.

Големината на базенот е 8x4 метри.

Дозволено е озвучување на помала група на луѓе/гости.

Просторот е обезбеден со лежалки, чадори, конопои, фламингоси за базен, воздушни вреќи за покрај базен, голема маса, бамбус сепаре и друго.

Просторот се изнајмува:
од 12:00 часот напладне до 22:00 навечер или од 14:00 часот напладне до полноќ.

За резевација на термин се плаќа 10% депозит/капар, а остатокот се доплаќа на 10 дена пред пристигнување

Остави Коментар

Коментари

  • Рената Горгиовски

    16.08.2024 10:14

    Здраво! Дали изнајмувате за родендени ? Сакаме на 6ти или 7ми септември за 18ти роденден! 070 333972 ве молам информирајте ме за цена ?