Школа за едрење на Охридско езеро идеална за возрасни

Ohrid Цена од:

16,851.00 ден

Три дневна обука за едрење „Yacht Crew Member“ и сместување во вила во стариот град на Охрид и 7 дневна обука за напредно едрење по Охридско езеро: Inland Skipper и сместување во вила во стар град на Охрид. Доколку сте заинтересирани испратете барање со датумот кој вас ви одговара.


Вклучено во цена:

  • 3 дена по цена од 275 евра по лице
  • Практична обука за едрење 3 дена на едрилица во период од 09:00 до 13:00 часот
  • Сместувње со доручек во стандардна двокреветна соба (за еднокреветна се доплаќа 90 евра) во стариот град на Охрид
  • Цената по лице е за обука во група од 4 кандидати
  • За приватни групи од 2 лица цената е 425 евра по лице, а за 3 лица цената е 325 евра по лице

Не е вклучено во цена:

  • 25 евра за годишна чланарина во Јахинг Клуб кој организира школата (обврзувачко)
  • 50 евра издавање на ISSA сертификат „Yach Crew Member“ (необврзувачко)

Три дневна обука за едрење „Yacht Crew Member“ и сместување во вила и винарија во стариот град на Охрид:


Оваа обука е погодна за потполни почетници. Со оваа основна обука за едрење, кандидатите ќе се стекнат со потребно знаење и вештина да се биде безбеден и корисен член на екипажот на едрилица до 24 метри.

Сопствениците на јахти секогаш имаат потреба од добра екипа, така да ова може да биде „пасош“ за добра забава и убави денови на едрилица.

Исто така е основна за наредното ниво „Inland Skipper“.


Обуката се одвива на едрилица три дена во траење од 09:00 до 13:00 часот и вклучува:

  • Запознавање со едрилица и составни делови
  • Основни јазли
  • Безбедност на вода
  • Одржување на правец на мотор и едрење
  • Подигање на едра
  • Сите постапки при сидрење и пристигнување на пристаниште
  • Основи на метерологија

Цената е 274 евра и вклучува:

  1. Практична обука за едрење 3 дена на едрилица во период од 09:00 до 13:00 часот
  2. Сместувње со доручек во стандардна двокреветна соба (за еднокреветна се доплаќа 90 евра) во стариот град на Охрид
  3. Цената по лице е за обука во група од 4 кандидати
  4. За приватни групи од 2 лица цената е 425 евра по лице, а за 3 лица цената е 325 евра по лице

    Во цената не е вклучено
    :
    25 евра за годишна чланарина во Јахинг Клуб кој организира школата (обврзувачко)
    50 евра издавање на ISSA сертификат „Yach Crew Member“ (необврзувачко)

7 дневна обука за напредно едрење по Охридско езеро: Inland Skipper и сместување во вила и винарија во стар град на Охрид

Обуката опфаќа:

  • Запознавање со едрилица и составни делови
  • Check in, Check out процедури
  • Управување со едрилица на мотор
  • Пристанување/Испловување од пристаниште

Едрење:
Теории на едрењето
Подигање едра
Едрење во ветар, промена на правец (tackting)
Тримување (поднесување) на едра
Сидрење на бова и сидро на отворено со мотор и со едра
МОситуација на мотор и на едра
Метеоролгија и локални верови
Навигација, сообраќајни правила на вода (give away) и безбедност на вода
Основни јазли
Обуката започнува во сабота и завршува во петок, во сместувањето Check in е во петок и Check out vo петок

Цената на пакетот е 575 евра (дел се плаќа на Yachting клубот кој ја организира школата, а дел е за сместувањето).

Во цената е вклучено
:

  • Практична обука за едрење на едрилица 7 дена во период од 09 до 14 часот
  • Прирачник „Inland Skipper“, маичка со лого, вода, кафе за време на обуката
  • Сместување со доручек во стандардна соба за 2 лица (за еднокреветна се доплаќа 210 евра).


Во цената не е вклучено

Годишна чланарина од 25 евра во Јахтинг клуб (Обврзувачко)
Издавање на 
ISSA лиценца за Inland skipper (не обврзувачко)
Цената е по лице за обука во група од 4 кандидати
За приватни групи од 2 лица цената е 825 евра по лице, а за 3 лица е 675 евра по лице.

Обуките ги водат професионални скипери и инструктори за Inland & Inshore едрење согласно стандардите на ISSA и истите се сертифицирани од страна на ISSA.

Обуките на Охридско езеро се изведуваат на едрилици-јахти со должина 8,25 метри и ширина 2,5 метри,тежина 2,5 тони.

Од досегашното искуство на професионалните скипери и инструктори за едрење, најдобриот и најефективен начин да се постане скипер кој би можел да едри со едрилица на езеро со должина од 12 метри и на море со должина од 24 метри е во две фази:

1.Основна обука за едрење во Охридско езеро „ Yacht crew member“ во времетраење од 3 дена.
2. Интензивна обука за едрење во Охридско езеро „
Inland skipper“ во траење од 7 дена

По завршените обуки кандидатите можат да добијат сертификат „Yacht crew member“ лиценца и „Inland Skipper“ издадени од страна на ISSA (International Sailing School Association) https://issa-schools.org/ 

Сертификатите и лиценците се доплаќаат дополнително:

 

За време на обуката секој учесник треба да носи:
Обувки со природен ѓон со светла боја кој не се лизга
Облека со
UV заштита, кратки/долги ракави
Јакна и панталони отпорни на ветар и дожд
Капа, наочари за сонце со рефлексија, заштитна крема за сонце со висок
UV фактор

Едрилиците се опремени со:
- Соба за одмор, тоалет, спална соба, тенда, скали за влез во вода
- Мини кујна, фрижидер
- Инвертер на 220
V
- Безбедносни појаси

 

Сите кленови на јахтинг клубот имаат можност за:
Учество на интерни регати на клубот
Учество на регати на Охридско езеро и во странство
Изнајмување на едрилица за лична потреба со попуст од 50
% на комерцијалната цена

 

Возраст на кандидатите треба да биде од 17 до 77 години.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар

Коментари

  • Крстевски Златко

    18.04.2024 07:11

    Заинтересиран сум за напредната обука. Имам прашања, ве молам јавете ми се. 070 262 704