Истражување на Охрид и Галичица со АТВ возила

Ohrid Цена од:

3,075.00 ден

Истражување на Охридско езеро со АТВ


Вклучено во цена:

  • Минимална цена за наем на АТВ за едно лице за „Тура 1“
  • Турите и цените се опишени во самиот текст

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локација на поаѓање

Центарот нуди повеќе опции на располагање, во зависност од вашето искуство и вашето расположение за возење.

Првата тура е со професионален водич и е во траење од 2 часа.
Со атв моторите се посетуваат село Велестово, Шипокно и Коњско. Вкупното растојание е 20 километри, а за време на турата имате вклучено безалкохолни пијалоци. Цената за едно лице е 50 евра, а за 2 лица на едно атв возило е 65 евра.

Втората тура е со професионален водич и трае 4 часа. Се посетуваат Велестово, Крстец, Асан Џура, а вкупното растојание е 40 километри. За време на турата имате вклучено пакет ручек и безалкохолни пијалоци. Цената е 95 евра за едно или 115 евра за две лица на едно атв возило.

Третата тура е со професионален водич и во времетраење од 6 часа. Со ова тура се посетуваат Велестово, Крстец, Асан Џура, Трпејца каде имате поглед кон двете езера, Пештани и Лагадин. Вкупното растојание на турата е 90 километри. Цената за едно лице е 130 евра, а за две лица 155 евра на едно атв возило.

На располагање е „Ноќна тура“ со професионален водич во времетрање од 2 часа. Се посетуваат Велестово со поглед кон охридското езеро, цената за едно лице е 30 евра, а за две лица е 40 евра на едно атв возило.

Покрај наведените тури, постои можност и за приватна тура која самите ја организирате, а ова тура е 50 евра за едно или две лица на едно атв возило.

Од центарот ексклузивно дознаваме дека за првпат ќе воведат тура од Охрид до Ресен преку планина каде ќе биде организиран и ручек во етно ресторан.

Центарот располага со 10 возила во моментот, со што пред сезоната ова бројка очекуваат да се зголеми.

Инфо и резервации на: 078 442 675

Остави Коментар