Едрење по Охридско Езеро
5,535.00 ден
Испратете барање со поплнување на формуларот. Селектирајте датум и наведете која тура сакате да ја резервирате. По испратеното барање ќе добиете одговор на истиот ваш мејл. Практикувајте барања по мејл, така е нејбезбедно и за клиентите и за сервисите.
Вклучено во цена:
- Ценовникот е истакнат во опис
- Доколку ги прифаќате цените испратете ни барање
- Во цената е вклучен професионален инструктор, обучувач
- Обезбедена опрема за пловидба
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
За авантуристите и патувачите кои сакаат да ги истражат
скриените богатства на Охридско езеро,
ние ви гарантираме дека ова е можеби и единствената можност да го истражите
крајбрежјето на еден сосема поразличен начин, уживајќи во мирот, тишината и
ветрето кое ќе ве движи по водите на езерото.
Едрилиците се дизајнирани за мали групи од 6 лица, што ви
овозможуваат интимно и професионално искуство. Турите ги реализираат
професионални инструктори и капетани, кои покрај авантурата по езерото, ќе ви
раскажат и многу за историјата, културата и екологијата на регионот.
ТУРИ КОИ МОЖЕ ДА ГИ РЕЗЕРВИРАТЕ:
● 2 часа тура - Започнува од пристаништето во
Охрид. Се плови покрај Стариот град и црквата Канео, вилата на Претседателот,
плажата Горица.
Дополнителен патник (до вкупно 6)
„Вино и пловење" вклучува половина флаша вино (по лице) и даска со сирење.
● 4 часа тура - Започнува од пристаништето во
Охрид. Се посетува Стариот град и црквата Канео, вилата на Претседателот,
Лагадин, Горица, плажата Cuba Libre.
Дополнителен патник (до вкупно 6)
„Вино и пловење“ вклучува половина флаша вино (по лице) и табла со сирење.
● Цел ден тура - Се започнува од пристаништето во
Охрид. Посетете го Стариот град и црквата Канео, вилата на Претседателот, Св.
Стефан, плажата Градиште, Трпејца, Заум, Св. Наум, (опционално Струга,
Радожда). Опционална пауза за ручек во некој ресторан (не е вклучено во
цената). Флаширана вода, домашна ракија и кафе вклучени.
Турите се под влијание на ветерот и временските услови. Иако
се трудиме да ги следиме временските предвидувања, турите може да бидат
презакажани во случај на изненадни лоши временски услови без претходна најава.
Плаќањето може да биде со платежна картичка, готовина (EUR
или MKD).
ЛОКАЦИЈА