Рафтинг на Тара: 2 ноќи со храна

Bosnia and Herzegovina Цена од:

9,225.00 ден

Турата може да се реализира со минимум 10 лица. Доколку сте компанија, приватна организација, друштво, можете да испратите барање на формуларот и селектирање на периодот од-до. Исто така би сакале да ни потенцирате од кој град сакате да има организирано превоз.


Вклучено во цена:

  • Цената по учесник се движи од 140 до 160 евра во зависност од периодот
  • Во цената е вклучено 2 ноќевања во бунгалови, храна, рафтинг тура, опрема, осигурување, фотографии
  • Целосна координација на програмата и логистика

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Пијалоци за време на престојот и во вечерните часови

Турата може да се реализира со минумум 10 лица. Доколку сте група од минимум 10 лица, компанија, приватна организација, друштво, можете да ни испратите барање со пополнување на формуларот и селектирање на периодот од-до кога сакате да се реализира турата. Исто така би сакале да ни потенцирате од кој град сакате да има организирано превоз.

Понудата е со 2 ноќевања, од кои еден полн пансион и еден полупансион, реализација на 33 километри рафтинг тура на Тара и Дрина, вклучени туристички такси и осигурување за време на целиот престој, потребна опрема за време на турата, превоз од базата на сместување до почетната точна на поаѓање на рафтинг.

Вака изгледа програмата:

Прв ден:
Пристигнување во кампот во 20:00 часот, но постои можност да се пристигне во кампот во кој било период од денот, со тоа што потребно е претходна најава на групата.

Бунгаловите во кои се сместува групата се двокреветни, четирикреветни, петкреветни. Повеќето од бунгаловите имаат сопствено купатило, а останатите кои немаат ги користат модерно опремените заеднички купатила. Доколку сакате да имате сместување со купатила, ве молиме потенцирајте при резервација.

Првиот ден се започнува со вечера, вториот ден има појадок, ручек и вечера, а последниот трет ден следува појадок и потоа одјавување од кампот.

Оброците се со 100% домашна храна и се обилни, порциите не се ограничени. Во понудата е вкчучено јунешко и телешки месо под сач, скара, појадок од домашна пршута, сирења, кајмак, сланина и ред друго. За време на рафтингот групата добива топла ужинка и колачи. Доколку во групата има гости кои имаат посебен режим на исхрана (алергии и слично), вегетаријанци, вегани и слично, потребно е да се потенцира во самото барање.

Опремата која ја добиваат гостите за рафтингот се состои од водоотпорно одело, чизми, сигурносен елек и кацига. Превозот од кампот до теренот за рафтинг е со теренски возила, а враќањето назад е со чамци.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Дарко Димов

    12.05.2024 18:40

    Во моментов сме 5 луѓе. Би сакале да ни организирате за период 24-26 Мај 2024. До локацијата би стигнале сами.

Разгледајте повеќе атракции