Eдрење со јахта на Охридско езеро за сезона

Ohrid Цена од:

9,840.00 ден

Едрење со јахра на Охридско езеро. Доколку сакате да резервирате испратете барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со вкупна сума. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за организаторите.


Вклучено во цена:

  • 9,840 денари вкупна цена за 6 лица за двочасовно едрење
  • Цените се по лице или за наем/стои во пакетите
  • Вино
  • Фотографии
  • Уживање
  • Моменти

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до местото од кадешто започнува едрењето
  • Храна

Едрилицата јахта Кент Г класа е импресивно пловило, со должина од 8.50 метри, ширина од 2.5 метри, тежина од 3.5 тони и мотор од 25 КС. Јахтата располага со кобилица од 900 кг и внатрешна висина од 1.85 метри. Опремен е со кокпит за 6 лица, тенда, крмена платформа со скали за влез во вода, голема палуба за сунчање, душеци за лежење, дневна соба, спална соба, тоалет, озвучување со Bluetooth, Wi-Fi, USB приклучоци за полнење телефон, соларни панели, ПП апарат, сет за прва помош, елеци за спасување, сидро, кофа и сунѓер. Тоа е единствена едрилица јахта на Охридско Езеро регистрирана во Централен регистар на Република Северна Македонија за комерцијален превоз на патници и патничко осигурување на патниците.

Тури што може да ги резервирате:

Тура од 2 часа:
Започнува од пристаништето во Охрид. Оваа тура ги вклучува следниве атракции: Стариот град, црквата Канео, вилата на Претседателот, плажата Горица.
Дополнителен патник (до вкупно 6 лица)
“Вино и Пловење” вклучува половина флаша вино по лице и табла со сирење.

Тура од 4 часа:
Започнува од пристаништето во Охрид и посетува Стариот град, црквата Канео, вилата на Претседателот, Лагадин, Горица, плажата Cuba Libre.
Дополнителен патник (до вкупно 6 лица)
“Вино и Пловење” вклучува половина флаша вино по лице и табла со сирење.

Целодневно Едрење: Започнување од градското пристаниште околу 9:00 - 9:30 часот и враќање во 20:00 часот.
Постои можност за избор на рута по желба: кон Св. Наум (Горица, Лагадин, Пештани, Градиште, Заум, Трпејца) или кон Радожда (Даљан, Струга, Калишта, Еленкамен).

Едрилицата е управувана од професионални скипери кои поседуваат лиценца издадена во Хрватска. Во текот на едрењето, по желба, може да се одржи обука за “Основи на едрењето”.

Турите зависат од правецот и јачината на ветарот. Поради временски услови, може да се презакажат турите.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Marija Gjurovska

    23.04.2021 10:43

    Zdravo, zainteresirani sme za iznajmuvanje na edrilica za 24 maj. Dali e otvorena sezonata toj datum?