АТВ во Галичник

Mavrovo Цена од:

1.00 ден

АТВ на Галичник Резервација на: +38970357441


Вклучено во цена:

  • Цените ги добивате од организаторот

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата на поаѓање

Од денеска можете да ги резервирате АТВ турите преку кои ќе ги посетите најубавите места во Галичник и регионот на Галичник.

Филип кој е дел од организацијата на ATV.RUPICAPRA вели дека посебноста на овие тури лежи во истражувањето на Бистра на поинаков начин. Спој на природа кој е затскирен од човечко око. Погледи кои нема да ве остават рамнодушни и полни гради планински воздух кој нема цена.

Низ секоја тура сте проследени со водич. Најпрво поради безбедност и насоки на патот, а потоа и за добра дружба и учење нешто ново за Галичник и Бистра.

Точката на поаѓање е од Галичник. На самиот влез во селото до гостилницата " Баба и Деде ".

Првата патека што е достапна за возење се нарекува " Венец ". Претставува шумско-ливадска патека со времетраење од 1 ипол час.

Пред да се започнеме турата има карток увод, обука за начинот на кој се вози, положба на тело, и доколку има прашања или потреби на возачот. Бројот на луѓе во една тура за сега е ограничен на 4ца. По тежина на возење е средна. Што значи може и почетник лесно да се адаптира, доволно е да има авантуристички дух.

Втората патека за возење која се нуди е наречена "Говедарник" заради тоа што во текот на возењето се осознава што се крие зад карпата Говедарник и одблиску се гледа бачилото што го носи истото име. Особена важност се оддава на овчарите кои цела сезона престојуваат баш на тоа место заедно со своите овци. Времетраењето на оваа тура е ококу 2 ипол часа.

Низ секоја тура е достапен пијалок во тек на возењето како и потребна опрема. Исто така и по завршувањето на возењето следува даска со најубавото Галичко сирење, пита и чашка ракија во Гостилницата " Баба и Деде".

Контакт за резервација на: +38970357441

Остави Коментар

Коментари

  • Viktorija Trajkov

    03.07.2022 21:34

    Ве молам цена за 4 девојки за тура, во сабота 09.07. И повеќе детали околу истата. Благодарам