Дегустација на вино во винарија Кувин, Скопје

Skopje Цена од:

2,000.00 ден

Дегустација на вино во винарија Кувин, Скопје. Доколку сакате да резервирате дегустација ве молиме испратете барање на „ИСПРАТИ БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА“. Селектирајте датум на кој сакате да се реализира дегустацијата, пишете во барањето за колку лица станува збор и очекувајте одговор од винаријата со вкупна сума. Откако ќе добиете одговор вие можете да ја потврдите резервацијата.


Вклучено во цена:

  • Цена за група до 8 лица: 16.000 денари
  • За помал број учесници, цената е различна и се дефинира по договор.

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Доживејте ја вистинската винска магија – уникатна дегустација во винарија „Кувин“

Добредојдовте во светот на Кувин – место каде што страста кон виното се претвора во уметност, а секој гостин станува дел од една исклучително автентична винска приказна. Дегустацијата ја води вински витез, вински советник и енолог со долгогодишно искуство, чија љубов кон виното ретко се среќава и се чувствува во секој момент од настанот.

Во амбиент на традиција, мирис на даб и нежни тонови на зрело грозје, посетителите имаат можност да уживаат во внимателно селектирани вина и да ја слушнат нивната целосна приказна – од лозјето, преку визбата, па сè до чашата. Секоја дегустација е дизајнирана како вистинско винско патување што ги буди сите сетила.


Пакет понуда за винска дегустација во винарија Кувин

Ексклузивна винска дегустација – 13 внимателно селектирани вина

Во рамки на дегустацијата ќе добиете:

  • Дегустација на 13 различни вина
  • Уживање во мезе комбинации внимателно усогласени со секое вино
  • Едукативно и инспиративно водство од вински витез, советник и енолог
  • Приказни за лозјата, процесот на производство и тајните што се кријат зад секое шише

Цени и услови

  • Цена за група до 8 лица: 16.000 денари
  • За помал број учесници, цената е различна и се дефинира по договор.

Детали за реализација

  • Локација: Винарија Кувин
  • Термини: По договор, со претходна резервација
  • Траење: Неограничено

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар