15.10.2020
Вила Јети на Маврово е место каде може да запознаете луѓе ко вас
Вила Јети на Маврово е место каде може да запознаете луѓе ко вас
Во текот на нашето постоење, се повеќе се убедуваме дека патниците избираат начин на патување, а со тоа и влегуваат во одреден потесен круг на туристи кои се препознатливи по својата култура.
Кајак.мк се стреми да докаже дека не различните ставови и вкусови кај туристите не треба да бидат тема на меѓусебни аргументирања, бидејќи секој патува и ужива на свој начин. Од луксуз, џунгла, шума, планина, поле, море, река, водопад, езеро, пустина, метропола или село, секој го избира својот начин на патување.
Дали ќе изнајми цела вила или пак ќе престојува во една соба која дели бања и тоалет со останати патници, тоа е прашање на вкус. Секој од нас има различен авантурист во самиот себе.
Да не должиме многу со пишување. Ова е вила Јети, предлог од тимот на Кајак.мк. Околу вила Јети е зелено, има прекрасен поглед кон Мавровско Езеро.
Куќа Јети е лоцирана во Маврово на прекрасна локација на само 20 метри од езерото и црквата во вода. Со својот автентичен стил на стара селска куќа, со своето име и местоположба “Куќа Јети” е еднa од најпрепознатливите сместувачки капацитети во Маврово.
Куќата располага со 3 соби со заеднички тоалет, ТВ, кабловска, интернет, кујна, тераса со преубав поглед кон езерото и планината, двор, како и паркинг простор за гостите. Како што кажавме во насловот, вила Јети може да биде вашиот дом каде ќе запознаете многу луѓе кои размислуваат како вас. Информации и резервации на: 075566445
Вилата ја препорачуваме за луѓе авантуристи, луѓе кои сакаат да запознат нови приказни, да слушнат и споделат нешто ново, интернесно и патувачко.
Дали можеби сакате цела вила? Уникатна вила на Маврово идеална за приватен одмор: Достапна за резервирање |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас
Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?
Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река
Рафтинг по Вардар и Рафтинг на Црна Река. Резервирајте авантура за цел тим.

Дали сте слушнале за ФИКА настаните кои се организираат во Скопје?
Идејата зад ФИКА е едноставна, но значајна: да се понуди креативно искуство во кое секој учесник може слободно да избере активност што му носи радост и внатрешен мир. Сликање со пастел и акварел, моделирање со самостврднувачка глина.

На Скопска Црна Гора отворен тренинг центар во природа
Центарот има затворен внатрешен дел со капацитет до 25 лица, како и надворешен простор до 40 учесници.