26.10.2020

Дојде есен на Маврово: Што да се јаде и каде да се седне?

Дојде есен на Маврово: Што да се јаде и каде да се седне?

Денеска спомнавме за есенските убавини на Галичник. Но, патувајќи натаму ќе поминете низ Маврово и ќе си кажете, еј од Кајак.мк не ни кажаа дека на Маврово е исто така многу убаво. Затоа, за да се “извадиме“ од цела ситуација успеавме да добиеме фотографија од дрон направена од Дарко Данилов, долгодишен експерт за дронови во Македонија. Човекот позади кој стојат многу успешни приказни. Дарко ни споделува две фотографии кои се надеваме дека ќе ве остават без зборови. 


Бидејќи времето е малку посвежо, па преку ден е солидно за пешачење или џогирање (доколку имате престој на Маврово па можете да се истуширате), но одлично е и за седенка во некоја од локалите ресотрани или кафеани. Според оценките на TripAdvisor, ова се петте најдобри места за храна на Маврово и целиот регион.

На прво место е „Гламур. Странските туристи препорачуваат сирење на скара, колбаси, пира со спанаќ и сад со дивеч. 

На второ место е „Мавровски мерак“. Исто така и овде туристите препорачуваат бело сирење на скара, колбаси, тава, најдобриот качамак, а како десерт туфахија. 

На трето место се наоѓа Хотелот Тутто кој е подалеку од Маврово, а за кое место Кајак пишуваше пред некое време. За тие кои немаат прочитано за Тутто, тоа ќе може да го сторат со еден клик ОВДЕ

На четврто место се наоѓа Мал Одмор. Ова место е преферирано од луѓе кои се на поминување и брзаат. Странските туристи препорачуваат ручекот со свежи салати, скара од дивеч, колбаси, ребра, плескавици. 

На петтото место се наоѓа „Куќата на Мијаците“ за кое место многумина од домашните туристи ја пофалија храната. За ова место пишуваше Кајак, а може да прочитате со еден клик ОВДЕ


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Вапцување јајца на Велики Четврток – традиција и значење

Откријте ја традицијата на вапцување црвени јајца на Велики Четврток во Македонија – значење, обичаи и совети за здраво и еко-пријателско вапцување јајца.

Велигденско патување полно автентични вкусови и приказни

Доживејте уникатно Велигденско патување со автентични вкусови, локални традиции и незаборавни искуства кои оставаат трајни спомени.

Велигден во Македонија: традиции, автентични обичаи и празнични активности

Истражете како се слави Велигден во Македонија, традиционалните обичаи, локалните специјалитети и активности за незаборавен празничен викенд.

Пролетни пикник дестинации во Македонија – Скриени бисери за оваа сезона

Откријте ги најдобрите пролетни пикник дестинации во Македонија. Од Козјак планина, до езера, автентични села, уживајте во природата, свежиот воздух и традиционални специјалитети оваа пролет. Идеално за фамилии, пријатели и романтични моменти!

Франција – Дестинација која мора да се види во 2026 година

Не ја пропуштајте шансата да ја доживеете магијата на Франција оваа година! Франција е земја која плени со својата романтика, култура, историја и гастрономија. Во 2026 година, таа продолжува да го привлекува вниманието на туристите од целиот свет, нудејќи безброј искуства за сите типови патници – од љубителите на уметност и историја, до авантуристите и гурманите.

2 Април – Светски ден на аутизмот: Подигнување на свеста и прифаќање

2 април е Светски ден на аутизмот. Дознајте повеќе за свеста, прифаќањето и поддршката на лицата со аутизам.