12.05.2026
Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!
Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!
Сите скришни места низ Македонија каде можете да се засолните во вашиот спокој и уживање со омилените луѓе околу вас се достапни само на Кајак.мк. Денеска ве водиме во Суви Лаки каде ви ги отвораме вратите на уште една уникатна дрвена планинска куќичка со надворешно џакузи.
Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.
| Повеќе информации за куќата, фотографии, како и опција за резервација, можете да најдете со еден клик ОВДЕ. |

Топлината на каминот, дрвениот ентериер и погледите кон планината создаваат атмосфера во која времето застанува. Куќичката располага со две спални соби, комплетно опремена кујна, Wi-Fi, приватен паркинг и простор за престој на до 4 гости. Она што престојот го прави уште поуникатен е надворешното џакузи каде можете да уживате под отворено небо, опкружени со тишина и природа.
Во близина се наоѓа и Бела Вода, а регионот нуди прекрасни патеки за пешачење, велосипедски авантури и можност за дружење со домашни животни на приватна фарма — искуство кое особено ќе го обожаваат најмалите.

Ова е идеално место за романтичен викенд, семејно бегство или мирен одмор со пријателите. Доколку барате место каде утрата започнуваат со свеж планински воздух, а вечерите завршуваат покрај камин и топло џакузи, тогаш оваа дрвена куќичка на Суви Лаки е вашата следна дестинација.
Резервациите за ова сместување се достапни на Кајак.мк со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.