21.09.2020
Дали сте слушнале за „Куќата на Мијаците“ каде можете да спиете?
Дали сте слушнале за „Куќата на Мијаците“ каде можете да спиете?
Понеделнички Кајак.мк ви ја претставува "Куќа на Мијаците" во Ростуше која не е обичен етно-ресторан и хотел, во кој може да ги вкусите и запознаете мијачките врвни специјалитети, напротив тој е своевиден прв музеј на мијачката култура и традиција. И тоа е еден од предизвиците, кој, еден ден сигурно ќе ве донесе во реканскиот крај.

Освен што ресторанот е изграден целосно во духот на мијачката неимарска архитектура, во внатрешноста се наоѓаат фотографии од познати Мијаци, но и други луѓе, кои живееле на овие простори пред стотина години. Преку фотографиите и ентериерот, лесно може да патувате во времето и да ја запознаете нивната традиција, секојдневни обичаи, како и адети при прослави.

Вработените, чија работна облека е мијачка носија, се секогаш тука да ви раскажат и помалку познати историски факти за Мијаците.
Етно-ресторанот и музеј, се наоѓа на патот кон Бигорскиот манастир, на 25 километри од Маврово.
Повеќе информации, околу цените, храната и преноќувањето, може да добиете на телефонот 070378333.

Таа е составена од приземје и два ката. Има четири гостински соби за преноќување. Другите два ката со површина од околу 500 м2 се наменети за ресторанот со повеќе простории, украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ги мотивирам луѓето да купуваат македонски производи дирекно од градините
Запознајте го Филип Димкоски – агроном, новинар и основач на „Градината на Филип“, кој ги учи луѓето како да одгледуваат сопствена еколошка храна.
BIT 2026 Милано: Светски центар на иновативен и одржлив туризам
BIT 2026 во Милано започна денес! Откријте ги најновите туристички трендови, иновации, одржлив туризам и глобални можности за туристички оператори и дестинации, вклучувајќи Македонија.
Њујорк 2026 – туристички водич за знаменитости, локални тури и незаборавни искуства
Откријте го Њујорк во 2026: Статуата на слободата, Central Park, Times Square и скриени локални тури. Совршена дестинација за култура, гастрономија и авантуристички патувања.
Отворено ново приватно СПА искуство на Беровското Езеро
Со Кајак.мк до сите спа сместувања во Македонија и надвор.
Европа очекува рекорден туристички бран: Водечки регион во светскиот туризам
Европа ја зацврстува позицијата на водечки туристички регион и очекува рекорден туристички бран. Прочитајте кои се најважните трендови и економски придобивки од туризмот.
Weekend getaway во Македонија: совршена дестинација за кратко, но незаборавно патување
Викенд патување во Македонија – идеи за краток одмор со езера, планини, локална храна и уникатни сместувања. Откријте автентични искуства.