17.10.2020

Хотелот Тутто ја има една од најдобрите локации во Македонија

Хотелот Тутто ја има една од најдобрите локации во Македонија

Зошто викендот да не го поминете низ Националниот парк Маврово? Совет од тимот на Кајак.мк е да го посетите село Јанче (особено љубителите на фотографирањето).

Во самото село Јанче се наоѓа хотелот Тутто каде може да престојовате, а за оние кои пат се на еднодневна екскурзија можете да го посетите делот на хотелот каде што се наоѓа ресторанот со предобар поглед. Овој хотел е под планината Бистра и во близина на Манастирот Св Јован Бигорски кој можете попатно да го посетите, но за него и што би правеле во него ви пишуваме подоле во текстот. 

Хотелот нуди простории погодни за организирање на семинари и бизнис средби. Може е да се резервираат и приватни апартмани за деловни партнери.

Во хотелскиот ресторан се сервира разновидна храна од локална па до интернационална храна, традиционални јадења и десерти. Вкусот на локалната храна го компетира контактот со регионот и самиот престој во хотелот го прави незаборавен.

Во хотелот има двокреветни, трокреветни и соби за едно лице, а сите имаат балкони.

Во манастирскиот комплекс има отворено „Галерија на икони“. Во галеријата има изложено околу седумдесетина икони и истите датираат од XII век, XIII век и XIX век. Галеријата започнала со икони од првата половина на XVII век, и се проследени со Христовиот живот од благовештението, од рождеството, крштевање Христово, преображение, влегувањето во Ерусалим, распнувањето, воскресението, вознесението и успението на Пресвета Богородица.

Во притворот на црквата во 1871 година се наоѓале фреските на Св. Климент Охридски, Св. Наум, Св. Јован Владимир, Свв. Кирил и Методиј, Св. цар Борис и Св. цар Иван Шишман Бугарски. 

Во манастирот Бигорски има остатоци од црквата што потекнува од XVI век, односно од XVII век и XVII век, од која се уште се чуваат големите икони. Најстарите, поточно од XVI век се реставрираат во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

Информации од хотел Тутто на: 072 204 014


Во Јанче имаме предлог и за сместување во вила: 

Резервирајте шармантна традиционална македонска куќа со поглед кон Радика



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.